Малите деца и домашните миленици: Дали треба да имате целосна доверба во вашите миленичиња?

Спиев со моето маче додека еден ден не ми ја скина рожницата на окото. Не беше намерно, секако, ама беше непријатно, а можеше да биде и полошо. И да, се случило, поради некоја само ним позната и веројатно оправдана причина, кучето да касне некого од семејството што го чува.
Што мислите вие на оваа тема?

140

Корисник на Тик-Ток неодамна сподели видео од игра помеѓу момчето Портер и германскиот овчар Ото.

Нивната преслатка игра ја снимила мајката на Портер, Бела, а од објавувањето, видеото е прегледано повеќе од 19 милиони пати на популарната платформа.

Во првиот дел од видеото, Портер и Ото си играат на земја, кучето изгледа како повремено нежно и разиграно да го грицка.

Бидејќи момчето се смее, неговата мајка не реагира и не го оддалечува кучето, што за некои корисници на Тик-Ток е аларм за узбуна.

Тие ја советуваат Бела да не го прави тоа повеќе и да ја прекине ваквата игра.

„Кучињата ни се најдобри пријатели, но можат да имаат и лош ден кој може да заврши трагично за детето“.

„Непријатно ми е кога гледам колку се близу забите на кучето до детето“.

„Никогаш не би можел да го направам ова, колку и да е добро моето куче“, се дел од коментарите на корисниците на кои не им се допаднало што момчето си игра на овој начин со кучето.

Меѓутоа, има и луѓе кои не гледаат ништо лошо во ваквата игра.

„Тоа куче не е закана за момчето, не знам зошто сите драматизирате“.

„Тоа му е најдобар пријател, никогаш намерно не би му наштетил“.

„Вие што го пишувате ова очигледно никогаш не сте имале германски овчар“.

„Ото очигледно го сака малиот, не би му наштетил“.

„Ова ми е премногу слатко, па само слушнете како се смее детето, а кучето изгледа среќно“, пишуваат луѓето во коментарите. .

Иако ситуацијата за некои е загрижувачка, Бела им објаснува дека Ото воопшто не е агресивно куче и дека му верува кога е со нејзиниот син, кој знае како да се однесува со животните.

Мислењето на овие коментатори може да го смени вториот дел од видеото, на кое се гледа дека Ото среќно трча околу момчето, а малиот Портер радосно се смее и ужива играјќи си со миленикот.

Сепак, внимателноста никогаш не е на одмет кога станува збор за безбедноста на децата.

На пример, јас спиев со моето маче додека еден ден не ми ја скина рожницата на окото.

Не беше намерно, секако, ама беше непријатно, а можеше да биде и полошо.

И да, се случило, поради некоја само ним позната и веројатно оправдана причина, кучето да касне некого од семејството што го чува.

Видеото можете да го погледнете подолу.

Повеќе