Школо за трудници и доење со љубов! Компанијата дм ја одбележува Светската недела на доењето
Од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доењето, а општествено одговорната компанија дм дрогерие маркт, во соработка со Бебелогија во овој период ќе организираат богата програма на едукативни и забавни активности кои ќе им бидат од помош на сите идни или нови мајки, но и на сите оние кои сакаат да научат повеќе за лактацијата и доењето!
Подготовката за раѓање на бебето е нешто кое ги прави трудниците многу возбудени, но и загрижени. Една од најважните одлуки кои треба таа да ги донесе овој период е како ќе го храни нејзиното најмалечко.
Но, што е тука најважно?
Информираноста, мислењата и поддршката како од најблиските, така и од стручните лица.
„Многу сме среќни што сѐ повеќе луѓе нѐ препознаваат како компанија која постојано дава неизмерна поддршка за зајакнување, информирање и едуцирање на жените.
Овој пат, сакаме да бидеме дел од најубавиот, но и најпредизвикувачкиот период во животот на една девојка или жена – а тоа е носење на свет на своето најмалечко и доењето.
Сакаме заедно да го изодиме овој пат и да овозможиме што поголем број на активности низ кои тие ќе се пронајдат во текот на оваа седмица!“, вели Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm дрогерие маркт.
Во текот на оваа Светска недела на доење, ќе може да ги проследите следните активности:
1-3 август: „Премостуваме разлики“ – тука се вклучени бројни онлајн активности поврзани со поддршка во доењето за сите (споделување на лични искуствa за доење, едукативни видеа и едукативен материјал за понатамошно преземање)
3 август: Онлајн проекција на документарен филм ,,Еast meets West – for the protection, promotion and support of breastfeeding’’ во 18 часот
4 август: Онлајн едукативни работилници од 11 до 13 часот – Неуспешни доенечки приказни, успешно доење и напредување на бебето и доење и спиење
5 август: Едукативна дружба во кафулето ,,Драмски бар“ од 18:30 часот
6 август: Онлајн едукативни работилници од 11 до 12 часот за поддршка на доење на повеќе од едно бебе и поврзаноста на френулумот со моторниот развој кај бебињата
7 август: Онлајн разговор со креаторот на филмот ,,Еast meets West – for the protection, promotion and support of breastfeeding’’
Сите онлајн активности ќе може да ги проследите на социјалните мрежи на Доење со љубов и Бебелогија, како и на платформата ZOOM, каде ќе може да се приклучите преку овој линк, а низ истите ќе ве водат Јасна Апостолски-Николов – дипломирана медицинска сестра, меѓународен консултант за доење – IBCLC и сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници, Драгана Емел Марковска – специјалист педијатар и Наташа Ц. Тодосовска – специјалист за доење и лактација.
„Доењето е моќно, убаво, но честопати и предизвикувачко искуство.
Безброј пати сте сретнале, прочитале, слушнале дека доењето не е само начин на хранење на бебето, туку и најголемата емотивна врска помеѓу мајката и бебето.
Затоа оваа Светска недела на доењето под мотото „Премостуваме разлики – поддршка во доењето на сите“, сакаме да стигнеме до што поголем број на девојки и жени за да им го олесниме нивното секојдневие“, вели Јасна Апостолски-Николов.
За потсетување, минатата година dm заедно со Јасна Апостолски-Николов обработија повеќе теми од областа на бременоста, доењето и одржаа онлајн обука за доење.
Дополнително, следачите на социјалните мрежи на dm имаа можност да ѝ постават прашање на Јасна, а одговорите на овие прашања може да ги прочитате тука!