Токсични родители – дали сте и вие меѓу нив?

Кои се токсични родители? Токсичните родители и нивниот начин на размислување предизвикуваат нездрави семејни односи, фрустрирани родители и несреќни деца – внимавајте да не паднете во стапицата.

96

Токсичните родители често споредуваат сè со другите, имаат потреба од контрола и слично.

Подемите и падовите во родителството може да бидат доста драстични. Еден момент не можете да замислите ништо што би ве исполнило повеќе од грижата за вашите деца, додека во следниот имате ситуација кога сте сведоци на тантруми и се прашувате како ќе се справите со сето тоа.

Воспитувањето дете е напорна работа. Но, дали понекогаш самите си го отежнуваме?

Дали го правиме емоционално поисцрпувачко отколку што навистина е? И што е најважно, дали со нашите мисли му штетиме на сопственото дете?

Ова се мисли кои токсичните родители често ги имаат и кои треба да престанат:

Нереални очекувања
Читаме книги за родителство, статии на Интернет, гледаме ТВ емисии, ги набљудуваме децата на нашите пријатели. И почнуваме да размислуваме за своите. Досега веќе требало да достигне некоја фаза.

На пример, тој веќе има две години, зошто конечно не спие преку ноќ?

Зошто нашето петгодишно дете не прави нешто што сме го побарале од него, туку „заборава“?

И доаѓате до заклучок дека вашите деца се пркосни, дека не се трудат, дека се непослушни.

А всушност тие се само човечки суштества кои не се совршени. Им приоѓаме со нереални очекувања и секако дека сме разочарани кога не се исполнети.

Споредување

Кога и да одите кај пријателката, нејзината куќа е средена, па дури и стасала да направи торта.

Дали сте вие толку неорганизирани и неспособни? Петгодишното дете на вашата пријателка веќе чита, а вашето дете сè уште не го интересираат ниту буквите.

Што направивте погрешно?

И тоа е долга листа на споредби што би можеле да ги правите и кои за возврат ќе направат да се чувствувате полошо отколку што треба.

Дали воопшто треба да ви кажеме дека споредувањето не е многу здрава навика?

Но, сите паѓаме во таа замка.

Што да се прави?

Мора да бидете реални. Имаме увид само во фрагменти од животите, домовите и ситуациите на нашите пријатели, а не и во нивните секојдневни проблеми и предизвици, кои секако ги има.

Затоа, немојте да мислите дека кај нив секогаш сѐ е идеално. Не е.

Склони сте да контролирате и да играте игри на „моќ“

На децата им треба водство, па дури и авторитет. Меѓутоа, додека се обидувате да ја пронајдете вистинската рамнотежа во водењето на вашите деца, понекогаш може да почнете да се однесувате авторитарно и да барате целосна контрола.

Ова може да доведе до негативни чувства на двете страни, како и до нездрави односи.

Додека мислиме дека ја правиме вистинската работа затоа што го сакаме најдоброто за нашите деца, тие го чувствуваат притисокот на нашата контрола бидејќи, никој не сака да биде следен секој негов потег?

Контролниот начин на размислување на крајот води до борби за моќ, несреќни деца и фрустрирани родители.

Повеќе