Зошто да не им се вратите на бившите за време на празниците?
Дали забележавте дека повеќето луѓе влегуваат во лоши односи во периодот помеѓу почетокот на новогодишните и Божиќните празници и Денот на вљубените? Не треба многу за да се открие зошто. Некои се враќаат кај поранешните партнери, а други се плеткаат со некој нов, само за да не бидат сами за празниците.
Доколку сте сами, сигурно сте забележале дека за време на празниците чувството на осаменост е посилно бидејќи медиумите секојдневно брмчат дека празниците се време на дружење, гозба и подарување.
Пред вашите очи се вртат слики кои зрачат со љубов, разбирање, блискост и топлина – големо, среќно семејство собрано околу богата трпеза или млади парови во прегратка.
Крпење на стари врски
Под влијание на овие романтични сцени, многу луѓе не сакаат да остават впечаток дека немаат некој посебен, па ја крпат старата врска или започнуваат нова со некој што не го запознале добро.
Меѓутоа, чудотворната моќ на Божиќ има реални ограничувања.
Ако вие и вашето поранешно момче не се согласувате во „нормалниот“ период од годината, тешко е дека одеднаш ќе станете внимателни и нежни еден кон друг само поради празничната атмосфера. На пример, ако причината за раскинувањето била агресивноста на партнерот, таа нема да исчезне без трага, ако партнерот бил неверен, во моменталното празнично расположение, лесно повторно ќе се сопне.
Затоа врската која се распаднала со добра причина треба да остане во минатото и покрај социјалната норма да се биде во врска за време на празничната сезона.
Трпение наместо брзање
Ако, наместо поранешно момче, сакате да му посакате добредојде во животот на странец кој „ви се нашол при рака“, запомнете ги ризиците што ги носат избрзаните врски.
Ставете го вашиот потенцијален партнер на вообичаеното проверување, без разлика дали е Божиќ или друг период од годината. Имајте трпение.
Стабилна врска „родена“ во март е подобра од кревка врска започната поради страв од празнична осаменост.
За да ги избегнете неволјите кои доаѓаат од лошата врска, не потпаѓајте под влијание на идиличните филмови и реклами кои излегуваат во овој период од годината.
Направете си услуга и оттргнете се од наметнатите диктати за прејадување, трошење или водење љубов под превезот на празничната сезона.
Стресот од празниците ги уништува односите
Истражувањата покажуваат дека разнишаните меѓучовечки односи се влошуваат, а не се подобруваат за време на празниците. Ова е последица на стресот под кој се наоѓаат луѓето во овој период од годината.
Еве кои неприлики се поврзани со празниците:
Стапката на депресија и анксиозност се зголемува
Поголема потрошувачка на алкохол
Зголемена потрошувачка и кавги за пари
Долги чекања во редици и туркање низ толпата
Помалку одмор и повеќе неправилен сон
Поголема веројатност за семејно насилство
Понагласени трзавици во врската