Имате мачка, а набргу доаѓа и бебето? На ја оставајте насамо со новиот член на семејството

Во повеќето случаи, вашата мачка ќе биде многу љубопитна за сè што е поврзано со новиот член на семејството.

55

Ако сте ја подготвувале постепено вашата мачка за доаѓањето на бебето во текот на бременоста, следните денови нема да бидат особено трауматични за вас или за вашето домашно милениче.

Општо земено, нема преголема опасност за бебето ако мачката е добро социјализирана и ако го прилагодите вашето однесување на фактот дека сега треба да се грижите и за мачката и за бебето.
Кога ќе дојдете со бебето од болница, поминете неколку минути сами со мачката во друга, тивка просторија.

Откако повторно ќе го воспоставите контактот што беше прекинат со вашето отсуство поради породување, запознајте ја мачката со бебето. Прво, нека ја мирисне облеката на бебето или ќебињата со мирис на бебето.

Потоа преминете на следниот чекор. Држете ја во раце и оставете го вашиот партнер да го држи бебето. Ако мачката покажува интерес да го мириса, дозволете ѝ, но многу внимателно.

Доколку покаже желба да си замине, дозволете ѝ го тоа и не ја присилувајте да има контакт со бебето.

Оставете искористена бебешка облека во некој дел од собата за да може мачката да ја истражува.

Се подразбира дека сега ќе имате помалку време да ѝ посветите на мачката, па обидете се тоа да влијае што помалку на домашното милениче.

Дозволете му на вашиот партнер сега да ја преземе вашата претходна улога и да поминува повеќе време со мачката за да не се развие љубомора.

Кога имате посетители во куќата, поттикнете ги да посветат повеќе внимание на мачката и да не ја запоставуваат.

Ако ја држите вратата од собата кадешто спие бебето отворена, бидете постојано присутни кога мачката ќе влезе во собата.

Не ја спречувајте грубо да го истражува бебето, но не дозволувајте ѝ да спие во креветчето. Бебињата не можат сами да ја вртат главата во првите денови, па мачката која спие во креветчето во близина на главата на бебето може да му го оневозможи нормалното дишење.
Ноќе чувајте ја вратата од собата на бебето затворена и проверете да не се пикнала и да не се скрила внатре.

Кога го пресоблекувате бебето или го храните во неговата соба, оставете ја мачката да остане во собата. На тој начин ќе се навикне тоа да биде редовна заедничка активност.

Кога бебето ќе почне да лази, не дозволувајте му пристап до садовите за храна и вода на мачката, а особено до тоалетот.

Од самиот почеток, поттикнете го бебето да ја допира мачката

На почетокот е прилично неконтролирано и малку грубо. Бидете подготвени да реагирате ако мачката се обиде да реагира агресивно, но без употреба на сила или викање.

Пред се, бидете трпеливи.

Не инсистирајте на оваа интеракција ако е непријатна за мачката или за бебето.

Со текот на времето, бебето стекнува подобра координација на движењата, така што контактот ќе биде многу попријатен за мачката. По таков контакт задолжително измијте ги рацете на бебето.

Секогаш бидете присутни во просторијата каде што се мачката и бебето во исто време

Подигнете го нивото на одржување на хигиената на мачката и просторот.

Редовно чистете го тоалетот на мачката за да не се разнесува песокот низ куќата.

Почесто четкајте го крзното на вашата мачка за да ги отстраните влакната и да го намалите опаѓањето. Секојдневно вакуумирајте чистете со правосмукалка за да ги отстраните паднатите влакна.

Редовно спроведувајте мерки за чистење од внатрешни паразити и заштита од надворешни паразити.

Како што расте бебето, така ќе расте и односот со мачката.

Потрудете се малку и ќе видите колку вашето бебе ќе биде посреќно, покомуникативно и поздраво благодарение на својот четириножен пријател.

Повеќе