Прегратката има најголема моќ ако е автентична и искрена: Прославете го Меѓународниот ден на прегратката

Живееме во свет на социјални мрежи, виртуелни бакнежи и насмевки. Модерната технологија навистина ги зближи луѓето, но и физички ги оддалечи целосно.

38


Денеска е Меѓународен ден на прегратките.

Овој празник е официјализиран на 21 јануари 1986 година, а за неговата популарност сведочи фактот што се слави насекаде низ светот, веројатно затоа што сме свесни колку прегратката влијае на квалитетот на нашиот живот.
Живееме во свет на социјални мрежи, виртуелни бакнежи и насмевки. Модерната технологија навистина ги зближи луѓето, но и физички ги оддалечи целосно.

Допирот како тактилен контакт со друго лице, е неопходен, како за социјализација, така и поради психолошкиот ефект.

„Прегратката некако има најголема полнота или сила ако е посебна, автентична, искрена“.

Еве, на пример, кога ќе се роди бебе, па кога ќе го стават на градите на мајката, тоа престанува да плаче. Тоа е безбедност, тоа е прибежиште, таму е безбедно.

Па, така е и кај нас, не е многу променето, дури и кога веќе не сме бебиња, кога сме пораснале малку и кога сме мали, а доаѓа некоја опасност, веднаш трчаме во прегратките на мајката или таткото. Тоа е нашето прибежиште, таму сме безбедни.

Подоцна, кога ќе развиеме социјални контакти со други луѓе, сè уште сакаме некако да ја почувствуваме енергијата на другиот.

И повторно таа прегратка која некако оживува, е она што ја намалува напнатоста, вознемиреноста, грижата. Можеби нема да го реши проблемот, но се чини дека проблемот во тој момент не постои.
Искрената прегратка ги радува сите. Додека гушкаме некого или некој не гушка нас, во телото се случуваат низа хемиски реакции.
Кога гушкаме некого или кога некој не гушка, а тој некој ни е драг, тоа не мора да е партнер, тоа може да е нашето дете, може да биде наш пријател, се разменува енергијата на две суштества и почнува лачење на хормоните на среќа или задоволство. Тие дејствуваат на нашиот лимбички систем, кој е дел од мозокот, и создаваа чувство на некаква сигурност, до одреден степен на блаженство, но секако ја намалуваат анксиозноста, апатијата, одредена депресија, доколку постои, тагата.

Сепак, не се сите прегратки исти, некои само ве допираат, а некои ви го покажуваат целиот свет.

Прегратката е најинтимниот допир, затоа што обвиткани во нечии прегратки ќе почувствувате заштита, припадност, љубов, ќе ја почувствувате целата убавина на овој свет. А ако немате кој да ве прегрне, направете го тоа сами. Психолозите велат дека ако вака ги држите рацете околу себеси десет до петнаесет секунди, ќе се почувствувате посебно.

Повеќе