На 7 години би требало да знаат да возат велосипед, на 9 – да се тушираат сами

Да се научи да се чита времето од часовникот и да се вози велосипед е нешто што денешните првачиња веќе би требало да го совладаат

76


Секое дете се развива на свој начин, но постојат одредени фази во тој развој кои ни помагаат да го споредиме напредокот на нашето дете со нешто што се очекува отприлика на нивната возраст.

Сепак, и покрај упатствата поставени од светските експерти, истражувањата покажуваат дека сè повеќе деца заостануваат во овој поглед – повеќето од нив, и покрај нивната возраст, не можат да го читаат времето на часовникот затоа што нивните родители, па дури и учителите им обезбедуваат дигитални часовници во нивните домови и училници за да не се мачат премногу.

Сепак, студиите покажуваат дека децата на возраст меѓу седум и осум години веќе треба да можат лесно да го читаат времето од традиционалниот часовник, а петгодишните деца треба да почнат да го разбираат аналогниот систем на часовникот.

Студиите спроведени меѓу неколку илјади родители покажале дека тие самите очекуваат нивните седумгодишни деца да возат велосипед без никаква асистенција и дека до осумгодишна возраст треба да знаат како да ги врзат патиките и да ги одвојат своите алишта од оние на другите членови на домаќинството.

На деветгодишна возраст, повеќето би им дале џепарлак на своите деца и тврделе дека не би им дозволиле да имаат профил на Фејсбук пред да наполнат 14 години.

Децата го заслужуваат својот прв мобилен телефон и можноста да одат самостојно на училиште на 12 години, а голем број родители се согласуваат дека на децата денес им се дава привилегијата на мобилен телефон премногу рано.

Според анкетите, десет години е возраста кога пријателите можат да дојдат на спиење, а исто така е соодветна возраст за детето да ја наполни и да ја испразни машината за миење садови. Родителите на десетгодишници очекуваат и нивните деца да се грижат за своите работи, да не ги забораваат или да ги изгубат на училиште, на вежбање или во парк.

Четири од 10 родители велат дека чувствуваат притисок од други родители кои прерано попуштаат и им дозволуваат на нивните деца одредени привилегии. Патем, студијата покажува дека родителите на помалите деца најмногу се вознемирени поради губењето работи, иако тоа е всушност нормално за повеќето деца. Затоа налепниците со имиња всушност и станаа толку популарни.

Што се очекува од:

Седумгодишно дете:
самостојно да вози велосипед
да знае колку е часот

Осумгодишно дете:
само да си ги врзува патиките
да ја става својата облека за перење
самостојно да ги мијат забите

Деветгодишно дете:
да ја поставува масата
да располага со џепарлак
да се бања или да се тушира без помош

Десетгодишно дете:
да ја раскрене масата
да не ги губи своите работи и да се грижи за нив
да ја сфаќа вредноста на нештата
само да избира облека и чевли
да му доаѓаат на спиење другари и да оди на спиење кај своите пријатели.
да ја здипли облеката кога ќе ја соблече
сам да се подготвува кога оди некаде

Единаесетгодишно дете:
да добие таблет и да го користи одговорно
да добие телевизор во својата соба и да го користи одговорно

Дванаесетгодишно дете:
само да оди на училиште
самостојно да сурфа на интернет
да поседува сопствен мобилен телефон и да го користи одговорно
да вози велосипед до училиште
да оди на игралиште или во област подалеку од дома без надзор
да поседува лаптоп и да го користи одговорно

Повеќе