Обично, кога сте бремени, облеката е голем проблем. Се чудите што да облечете, речиси ништо не ве собира, па лесно може да се случи на крајот да влезете во некоја продавница за облека за трудници и да купите неколку парчиња кои не се баш евтини, а обично се користат само неколку месеци. Потоа оваа облека најчесто завршува во некој агол од плакарот и се заборава.
Жителка на Ватерло во Белгија, решила да создаде „ротирачки куфери“ за родилки.
Досега во Белгија има 19. Младата мајка го враќа куферот кога веќе нема потреба, а работите се позајмуваат на друга.
Пет месеци по раѓањето на нејзиниот мал Лазаре, Хелоиз се враќа во Ватерло во куќата на Керолин, со куферот за трудници што таа ѝ го доверила за време на бременоста.
Идејата на Керолин се родила преку Фејсбук групата „Давање втор живот на облеката за трудници“. „За мене целта зад сето ова е навистина да дејствувам на еколошки одговорно ниво, да ја избегнам оваа прекумерна потрошувачка. Имено, облеката за трудници и новопечени мајки се користи многу кратко, а потоа генерално веќе нема потреба од неа. Таквата облека е генерално во многу добра состојба”, објаснува Керолајн, креаторката на „ротирачкиот куфер“.
Внатре е сè што ѝ треба на идната мајка. Куферите се надополнуваат од мајка до мајка.
„Она што е прекрасно е што овој проект е самоодржлив, бидејќи сите мајки ја носат облеката што на друга мајка повеќе не ѝ треба“, додава Керолајн.
Една од мајките, Хелоиз, е ентузијастка за овој концепт.
„Да, толку е убаво да се види, да се мисли дека тоа е навистина примо-предавање, дека на облеката ѝ даваме втор живот, но згора на тоа имаме мајки кои ја носеле таа облека за време на бременоста и кои доживеале слични работи како нас, истите чувства, истата удобност“, вели Хелоиз.
Следната цел на Каролина: да има 25 „ротирачки куфери“, но пред се, да најде простор кадешто ќе може да ја складира целата облека што ја добива.