Покрај тоа што е природен лек за несоница, валеријаната од многу одамна се користи и како помош при мигрена, замор и грчеви.
Исто така, таа е едно од најбезбедните лековити растенија кое датира од времето на стара Грција и Рим.
Индијанците ја користеле валеријаната за заздравување на рани и чиреви, како и како лек против кашлица.
Во средниот век, ова растение се користело како лек за епилепсија.
Неодамнешните истражувања ја потврдија неговата ефикасност не само за нарушувања на спиењето, туку и за хиперактивност кај децата, анксиозност, ПМС и ноќно потење.
Тоа е навистина сестран и безбеден природен лек, без несакани ефекти.
Можете да го земате во форма на чај, тинктура, капки или капсули.
Придобивки од валеријана
Помага при валунзи и ноќно потење
Топлите бранови, попознати како валунзи и ноќното потење се некои од симптомите на менопауза што погодуваат многу жени денес.
Валеријаната има фитоестрогенски својства, па затоа може да биде безбедна и природна алтернатива на хормонската надоместна терапија што им се нуди на жените.
60 жени на возраст од 45 до 55 години биле вклучени во тримесечна клиничка студија.
Едната група земала плацебо, а другата земала валеријана во капсули од 530 мг двапати на ден во текот на два месеци.
Интензитетот на топли бранови во втората група бил значително помал.
Ги ублажува симптомите на ПМС и менструалните болки
Се проценува дека околу 60 проценти од жените имаат болни менструации, а некои од нив страдаат од дисменореја, што вклучува умерена до силна болка за време на циклусот.
За оваа состојба, лекарите често препишуваат мефенаминска киселина, нестероиден антиинфламаторен лек против болки кој може да има непријатни несакани ефекти, како што се крв во столицата, повраќање, болки во грбот, чиреви итн.
Затоа е важно да се знае дека постои многу подобра и побезбедна опција, а тоа е валеријаната.
По обемно истражување, експертите и научниците им препорачаа на жените да земаат доза од 300 мг валеријана, 80 мг пасифлора и 30 мг хмељ за ублажување на симптомите на дисменореја, како што се болка, анксиозност и психолошки стрес.
Ја намалува хиперактивноста и ја подобрува концентрацијата кај децата
Една студија вклучувала 169 ученици кои страдале од хиперактивност, импулсивност и тешкотии со концентрацијата.
Овие деца добивале 640 мг екстракт од корен од валеријана и 320 мг екстракт од маточина дневно.
Кај децата кои имале многу тешки симптоми, концентрацијата значително се подобрила, додека хиперактивноста и импулсивноста значително се намалиле.
Родителите, исто така, забележале подобрувања во социјалното однесување и квалитетот на спиењето кај овие деца.
Ги ублажува анксиозноста и стресот
Освен што е одлична помош при несоница, валеријаната е позната и по тоа што делува како анксиолитик, што значи дека ги ублажува симптомите на анксиозност или вознемиреност.
За овој ефект валеријаната може да им се заблагодари на валеријанската киселина и валеренолот кои го стабилизираат централниот нервен систем.
Оваа билка, исто така, ги зголемува нивоата на гама-аминобутерна киселина (GABA) во мозокот.
Таа поттикнува добар, квалитетен сон такашто помагаат на релаксација на телото и умот, како и на работата на нервните клетки, што значително ги ублажува симптомите на анксиозност и стрес.
Помага во одржувањето на здравјето на срцето
Обемни студии покажале дека ГАБА помага во регулирањето на крвниот притисок.
Бидејќи валеријаната ги зголемува нивоата на ГАБА во мозокот, таа има корисен ефект врз крвниот притисок, а со тоа и врз здравјето на срцето и крвните садови.
Валеријаната го штити и срцето благодарение на нејзиното смирувачко дејство врз телото и умот.