Море мајку му негова … Дали пцуењето пред децата е навистина толку штетно колку што мислиме?
Експертите велат дека децата многу рано почнуваат да препознаваат пцовки и додека тргнат на училиште, научуваат во просек помеѓу 30 и 40 навредливи изрази. Сепак, тие нагласуваат дека практично нема докази дека повремена пцовка, изречена во афект, има негативен ефект врз развојот на детето.
Скоро секој родител барем еднаш се нашол во истата непријатна сцена, им излегува пцовка од устата во истиот момент кога детето се појавува во собата. Потоа следува кратка паника, чувство на вина и тој познат поглед на детето кој јасно вели, штотуку кажавте „лош збор“.
Сепак, и покрај стравовите на родителите, кои се оправдани, истражувањата покажуваат дека децата се многу поотпорни отколку што претпоставуваме и дека повремената пцовка што ќе ви излета“ нема да остави последици.
Експертите велат дека децата многу рано почнуваат да препознаваат пцовки и додека тргнат на училиште, научуваат во просек помеѓу 30 и 40 навредливи изрази.
Сепак, во исто време, тие нагласуваат дека практично нема докази дека само слушањето пцовки има негативен ефект врз развојот на детето. Повремена пцовка, изречена во афект, нема да остави долгорочни последици. Многу поважна е пошироката средина во која детето расте, атмосферата на почитување, начинот на комуникација и примерот што родителите го даваат секој ден.
Зошто не треба да паничите?
Без оглед на тоа дали често пцуете или само во моменти на болно изненадување, на пример кога дете ќе ви ја прегази ногата со велосипед, постои голема веројатност вашите малечки веќе да слушнале некој „забранет“ збор. Родителите честопати се длабоко вознемирени од ова, бидејќи се плашат дека ја „извалкале“ невиноста на детето.
Но, лингвистот и професор по когнитивни науки Бенџамин Берген вели, опуштете се, тоа не им штети на децата.
Секако, важно е да се направи разлика помеѓу пцуењето пред деца и пцуењето кон децата. Навредувањето, омаловажувањето и агресивните испади кон детето се форма на емоционална злоупотреба. Но, пцуењето околу нив не е нешто што ќе го загрози нивното ментално или јазично здравје.
Берген, кој самиот е родител, објаснува дека честопати се обидувал да се самоцензурира, но се прашувал дали воопшто има смисла. Неговиот научен заклучок – нема причина за прекумерна загриженост.
Кои зборови навистина им штетат на децата?
Во својата книга „What the F: What Swearing Reveals About Our Language, Our Brains, and Ourselves“, Берген објаснува дека обичните пцовки, оние изговорени во лутина, фрустрација или шега, немаат директен негативен ефект врз детето. Родителите најчесто се плашат дека детето ќе повтори таков збор во погрешен момент, на пример, во училиште.
Сепак, она што може да им наштети на децата се погрдните зборови и навредите упатени кон други луѓе. Злонамерните забелешки, навредите или омаловажувањето ги учат децата на модели на однесување што подоцна можат да се претворат во агресија или врсничко насилство. Во тој случај, не е проблем зборот сам по себе, туку намерата зад него.
Како најдобро да реагирате кога ќе ви „излета“?
Како што децата растат, тие ќе слушаат разни пцовки во училиште, на интернет и во јавниот превоз. Затоа е клучно родителите да ги користат ваквите ситуации како можност за разговор и учење. Наместо да паничите, едноставно објаснете му на детето дека постојат зборови што возрасните понекогаш ги користат, но дека тие не се соодветни во сите ситуации. Додајте дека сте направиле грешка, извинете се и продолжете понатаму.
Според истражувањата, децата многу повеќе се сеќаваат на тоа како нивните родители се справуваат со сопствените грешки, фрустрации и импулси отколку на секој збор што го кажуваат. Затоа експертите истакнуваат дека моментот кога ќе опцуете пред дете не мора да биде причина за паника, туку може да биде можност за добра лекција за одговорност, емоции и комуникација.