Мета со помош на вештачка интелигенција ќе ја проверува возраста на децата

Европската комисија неодамна ја обвини Мета дека не успеала соодветно да ги заштити младите луѓе. Брисел бара од Инстаграм и Фејсбук да обезбедат почитување на минималната возрасна граница од 13 години, заканувајќи се дека ќе изрече високи казни ако не го сторат тоа.

89


Американскиот технолошки гигант Мета објави дека планира да користи вештачка интелигенција за да ја провери возраста на своите корисници, со цел да ги заштити децата под 13 години. Мерката ќе се применува на сите платформи на компанијата, вклучувајќи ги Facebook, Instagram, Threads i WhatsApp.

Како ќе функционира проверката?

Софтверот базиран на вештачка интелигенција ќе анализира не само текстуални податоци од профили, туку и фотографии, коментари и кратки видеа. Компанијата објаснува дека ако софтверот открие, на пример, фотографии од прослава на 11-ти роденден, сметката ќе биде означена како детска, а потоа и избришана.

Сопствениците на отстранетите кориснички сметки ќе можат да ја оспорат одлуката и да ја докажат својата возраст со документи за идентификација.

Мета, исто така, ќе користи вештачка интелигенција за да идентификува тинејџери под 17 години кои лажно се претставуваат како возрасни. Ова ќе го прави со проценка на моделите на однесување, вклучително и сметките што ги следат. Ако се открие лажна возраст, сметката автоматски ќе биде преместена во категорија за тинејџери со соодветни поставки за заштита.

Притисок од Европската Унија

Овој потег доаѓа откако Европската комисија неодамна ја обвини Мета дека не успеала соодветно да ги заштити младите луѓе. Брисел бара од Инстаграм и Фејсбук да обезбедат почитување на минималната возрасна граница од 13 години, заканувајќи се дека ќе изрече високи казни ако не го сторат тоа.

На долг рок, Комисијата бара од сите платформи на социјалните медиуми да ја користат апликацијата за верификација на возраста на ЕУ. Мета, од друга страна, се залага за централизирана верификација на возраста при поставување на паметен телефон, на ниво на оперативен систем или продавница за апликации, наместо да ѝ се препушти проверката на секоја одделна апликација.

Дискусии за целосна забрана

Во земјите од Европската Унија, како што се Австрија, Франција и Шпанија, во текот се расправи за целосна забрана на социјалните медиуми за млади луѓе под одредена возраст, при што се разгледува ограничување од 15 или 16 години. Австралија веќе воведе таква забрана.

Европската комисија во моментов ја отфрла целосната забрана, претпочитајќи построги технички решенија за верификација на возраста.

Повеќе