Неочекувани причини зошто не можете да забремените

Иако не е утврдено колку витаминот Д влијае на плодноста, некои студии покажаа дека тој има една од клучните споредни улоги бидејќи ги стимулира и балансира половите хормони. Со ин витро оплодување, доволна количина на витамин Д во телото на жената дава четири пати поголеми шанси за зачнување.

235

Ако не можете да забремените или ви треба подолго од просекот, а не пушите, не пиете кафе, не сте под стрес, ги следите плодните денови и немате поголеми здравствени проблеми, можеби причината лежи во овие сосема неочекувани причини

Крварење на непцата
Австралиско истражување покажа дека пародонталната болест и непцата може да ја одложат бременоста за два или повеќе месеци. Иако на жените со здрави непца во просек им се потребни до пет месеци да забременат, за оние кои страдаат од пародонтална болест, зачнувањето во просек трае нешто повеќе од седум месеци. Болеста на непцата кај мажите е исто така поврзана со слаб квалитет на спермата.

Ретка крвна група
Истражувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил покажало дека кај женските пациенти во триесеттите години, оние со крвна група 0 имаат двојно поголема веројатност нивните јајници да изгледаат постари од нивната вистинска возраст. Еден од водачите и авторките на истражувањето, д-р Лубна Пал, репродуктивен ендокринолог, тврди дека крвната група сепак не е фактор на ризик. Доколку пациентите со крвна група 0 имаат потешкотии со зачнувањето, неопходно е да се проверат и други фактори на ризик кои водат до неплодност.

Недоволна изложеност на сонце
Научниците од австрискиот универзитет во Грац открија дека паровите кои живеат во близина на Арктичкиот круг имаат помала веројатност да забременат во текот на зимата отколку во другите сезони. Причината за тоа може да биде недостаток на витамин Д, кој се синтетизира во телото преку сончевата светлина. Иако не е утврдено колку витаминот Д влијае на плодноста, некои студии покажаа дека тој има една од клучните споредни улоги бидејќи ги стимулира и балансира половите хормони. Со ин витро оплодување, доволна количина на витамин Д во телото на жената дава четири пати поголеми шанси за зачнување.

Мобилен телефон и лаптоп
Неколку студии открија врска помеѓу оштетувањето на спермата и навиката да се носи мобилен телефон во џеб или торба околу половината или во близина на машките репродуктивни органи. Друга студија е поврзана со користење на лаптоп со WiFi и држење во скут додека работите на него со помала подвижност на спермата и оштетување на ДНК на спермата.

Повеќе