Акушерки споделија на кои пет работи за бебињата идните родители фрлаат пари

Иако кога првпат чекате бебе мислите дека се неопходни еден куп работи за него, вистината е дека многу од нив се навистина вишок

366

Кога ќе станете родители за првпат, може да биде многу тешко да го стесните изборот на она што ви треба за вас и вашето бебе. А со зголемените трошоци, пожелно е да не трошите пари на работи што нема да ги користите. Затоа акушерките за The Sun навеле пет работи кои би ги советувале родителите да не ги купуваат.

Додатоци за детска соба

„Иако е убаво чувството да се украсува собата на бебето, реалноста е дека тоа и онака нема да поминува многу време во неа“, велат тие.

Според The ​​Lullaby Trust, новороденчето треба да спие во родителската соба во првите шест месеци од животот за да се намали можноста за синдром на ненадејна смрт на доенчиња. И ова се однесува и на дневниот и на ноќниот сон.

Акушерките советуваат да заштедите пари и да почекате додека детето не е подготвено за сопствена соба, па потоа да ја уредите и опремите.

Подвижни колевки

Подвижните лулки станаа хит во последно време, но акушерките велат дека она што бебето навистина го сака е да биде во прегратката на родителите.

„Затоа е подобро да размислите за купување носилка што ќе му овозможи на бебето да биде до вашето тело, да ја прима вашата топлина и да се смирува по потреба. Во исто време, ќе имате одврзани раце да правите што и да треба“, објаснуваат тие.

Средства за бањање

Капењето во вода со неколку капки бадемово или маслиново масло е доволно за новородените бебиња.

„Нема потреба да се инвестира во козметички производи, барем во првите месеци од животот на детето“, наведуваат тие.

Опрема за хранење со адаптирано млеко

Ако планирате да доите, нема смисла да вложувате пари во шишиња, стерилизатори и греалки за млеко.

„Таквите работи се скапи, а поголема е веројатноста да ги користите ако веќе ги имате дома. Ова може да доведе до предвремено прекинување на доењето. Ако планирате да го храните вашето бебе со формула, тогаш купете едноставни работи за почеток. Се што ви треба е формула, неколку шишиња и стерилизатор, иако шишињата можете да ги сварите и во обично тенџере со врела вода“, советуваат тие.

Апарат за издојување

Акушерките веруваат дека најверојатно нема да ви треба пумпа за издојување на градите во првите неколку дена.

„Доењето е најдобриот начин за да се обезбеди количината на млеко што му е потребно на вашето бебе. Ако ви затреба опрема за издојување поради некоја причина, секогаш ќе можете да ја набавите подоцна“, велат тие.

Повеќе