Ќотекот се враќа во училиштата: Американска сојузна држава го враќа физичкото казнување

„Кога е потребно да се примени физичко казнување, тоа ќе се врши така за да не постои можност за телесна повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот. Што мислите вие за ова?

267

Училишниот округ во Мисури одлучи повторно да го воведе физичкото казнување во училниците. Според новиот правилник, физичката казна ќе се применува како последна мерка, односно доколку не успеат другите дисциплински мерки.

„Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот“, објаснил Мерлин Џонсон, школски надзорник во Касвил за The Hill.

Училишниот одбор ја одобрил мерката во јуни и ги известил родителите дека училишниот округ Касвил во Мисури го враќа ќотекот – дисциплинска мерка што областа престанала да ја практикува во 2001 година, според Спрингфилд Њуз Лидер.

Промената доаѓа откако анкетата спроведена минатата година помеѓу родителите открила дека старателите сакаат дополнителна дисциплина и дека тоа е една од нивните најголеми грижи.

„Некои родители рекоа дека не сакаат учениците да бидат суспендирани. Тие сакаат друга опција, а оваа се појави како можност пред да дојде до суспензија“, објаснил Џонсон.

Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удрени, можат да потпишат формулар со кој гарантираат дека се согласуваат. Се уште не се знае колку родители ќе го дозволат тоа.

Телесното казнување во училишната област ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци. Никогаш нема да се спроведе во присуство на други ученици, пренесува The Guardian.

„Кога е потребно да се примени физичко казнување, тоа ќе се врши така за да не постои можност за телесна повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот.

Според Џонсон, помладите ученици ќе добијат еден до два удари, а постарите до три.

Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на државите да одлучат дали ќе го спроведат. Во моментов, 19 држави низ САД сè уште дозволуваат физичко казнување. Повеќето држави кои го дозволуваат тоа се на југ.

Повеќе