Престанете да им кажувате на децата дека подароците се од Дедо Мраз! Мислете на оние на кои нема да им донесе ништо

Ако сите деца веруваат во тој Дедо Мраз, а едното дете добие сосема нов ајпод од „Дедо Мраз“, а другото, бонбони или дури ниту тоа, што ќе ги наведе децата да веруваат и да мислат, се прашува една мајка. Ве покануваме да ги споделите вашите искуства и мислења на оваа тема: дали е во ред да му кажете на мало дете дека Дедо Мраз не постои или не е во ред? Што им кажувате вие на вашите деца?

434

Мишел е мајка од САД на која, како што вели, отсекогаш ѝ пречело тоа што децата се охрабруваат да веруваат во Дедо Мраз, а во исто време се знае дека некои родители не можат да им дадат на своите деца онолку колку што очекуваат.

„Му кажав на моето тригодишно дека Дедо Мраз е само човек што се преправа. Имено, ако сите деца веруваат во тој дедо, а тогаш едно дете добива сосема нов ајпод од „Дедо Мраз“, а другото едноставно добива бонбони, што ќе ги наведе ова децата да веруваат и да си мислат?“, се запрашала оваа мајка.

Мајката на две деца, Меган Седлачек, целосно се согласува со Мишел и смета дека сета оваа тепачка и конфузија „за некој измислен лик е непотребна и исцрпувачка“.

„Немам време, пари или енергија да учествувам во она што Америка го очекува од Дедо Мраз. И не ми се допаѓа целиот тој непријатен консумеристички аспект на целата приказна“, изјавила таа за New York Post.

Меган признава дека имало некои проблеми, особено кога нејзиното дете решило да им ја шепне „таа тајна“ на другите деца. Потоа му објаснила дека треба да го почитува фактот што другите деца веруваат дека Дедо Мраз навистина постои.

„Денес, по неколку разговори за почитување, за системите на верувања и за дозволувањето на другите семејства да се забавуваат, Хантер знае да го чува дедото во тајност и сега дури ја учи и својата помала сестра да молчи за ова“, вели таа.

Загрижувачки е кога луѓето велат за нешто дека е вистинско, а потоа излегува дека не е вистинско, вели Александра Фунг, мајка на три деца од САД која има и веб-страница за родители „Upparent“. Таа решила на своите деца да им ја каже вистината за Дедо Мраз, бидејќи секако во одреден момент тие ќе ја дознаат.

Се присетила колку самата била шокирана и разочарана кога на десетгодишна возраст дознала дека добриот старец кој носел подароци навистина не постои. Затоа не сака нејзините деца да го искусат тоа.

И не е единствената. Сѐ повеќе родители не им „продаваат“ на своите деца приказни за Дедо Мраз, малите вредни џуџиња и ирвасите што летаат… Некои од нив уште од мали нозе им кажуваат дека Дедо Мраз не е вистински, иако многу деца околу нив мислат така.

Некои не сакаат да ги лажат децата, а други го прават тоа од верски причини или затоа што не ја поддржуваат сета оваа комерцијализација на Божиќ.

„Никогаш не сакав целата сезона да се фокусира на материјалниот аспект на празниците“, вели фотографката Пенелопе Гузман, но признава дека сè уште сака нејзините две деца да уживаат во духот на Божиќ.

„Наместо да оставаат млеко и колачиња за некој имагинарен дарител, моите деца ја слават историската легенда за Свети Никола“, вели таа.
За таткото на пет деца Кортни Фонг, одлуката да се игнорира Дедо Мраз првенствено се засновала на верски причини.

„Не сакам моите деца никогаш да помислат дека ако Дедо Мраз не е вистински, можеби и Исус не е реален. Исто така, она што не ми се допаѓа кај Дедо Мраз е идејата дека правите одредени работи само за награда. Не ми се допаѓа идејата дека тој е тој што гледа сѐ и може да види дали си бил добар или лош и да подарува или да не подарува врз основа на тоа“, ги објаснил своите причини зошто неговите деца знаат дека дедото е само измислен лик.

Тој вели дека претпочита да ги гледа неговите деца како развиваат сопствен морален компас, наместо да ги следат стандардите што им ги поставил некој подоцна во животот, да речеме нивниот шеф или човекот во црвено кадифено одело.

Ве покануваме да ги споделите вашите искуства и мислења на оваа тема: дали е во ред да му кажете на мало дете дека Дедо Мраз не постои или не е во ред? Што им кажувате вие на вашите деца?

Повеќе