Бугарската министерка за правда Надежда Јорданова, на 24 декември имала телефонски разговор со претставниците на организацијата „Татковци за одговорно родителство” и на здружението „Член 24″, кои протестираа барајќи законски измени и обезбедување еднакви права на родителите по разводот.
Предвидено е Јорданова на 29 декември (утре) да се сретне со членовите на невладините организации при што ќе се разговара за заедничко родителство и за механизам со кој ќе бидат заштитени првата на децата и на двајцата родители, а потоа да се подготват и законските измени. „Со години не се презема ништо за решавање на овој болен проблем за децата и за родителите, што често ги претвора децата во жртви на конфликт за време и по разводот, а доведува до отуѓување од родителите“, се наведува во соопштението од бугарското Министерство за правда.