Му ја купивте играчката по која толку плачеше и по 2 дена ја заборави? Зошто децата толку брзо го губат интересот?

Повеќето родители сигурно го доживеале ова многу пати – детето плаче и моли за нова играчка и ветува дека ќе ја сака засекогаш, па тие попуштаат и ја купуваат. Но, само неколку дена, а понекогаш и само после неколку минути…

1.161

Брзината со која на децата им досадуваат играчките може да биде збунувачка и фрустрирачка за многу родители. Повеќето родители сигурно го доживеале ова многу пати – детето плаче и моли за нова играчка и ветува дека ќе ја сака засекогаш, па тие попуштаат и ја купуваат. Детето на почетокот е навистина возбудено и вљубено во новата играчка, но само неколку дена подоцна таа играчка повеќе не му е интересна. Зошто?

Д-р Камила Ејс, лиценциран клинички психолог и мајка на две деца, го припишува ова брзо губење на интерес на некои психолошки и физиолошки принципи.

„На желбата на детето за играчка може да влијае неразвиената емоционална регулација, слабата контрола на импулсот или притисокот од врсниците“, објаснува таа и додава дека неразвиениот процес на одлучување кај децата и тинејџерите може да биде фактор на досада со новата играчка, бидејќи им е тешко да го предвидат идниот исход на губење интерес кога ќе ги обземат нивните емотивни, ирационални мисли и ќе одлучат дека им треба нова играчка.

„Исто така, може да се случи новата играчка, која на почетокот изгледала како прекрасно, блескаво големо чудо, всушност да е играчка која ја ограничува или не ја поттикнува детската имагинација. Имено, играчка која ја ограничува креативноста на детето може да предизвика губење на интересот без разлика колку детето на почетокот било возбудено да ја грабне најновата, најинтересната играчка со малите прстиња“, вели психологот.

Д-р Ребека Харви, која е исто така лиценциран клинички психолог и мајка на едно дете, вели дека друга причина за тоа што новата играчка брзо им станува здодевна, може да биде тоа што децата имаат природна граница на нивното внимание – генерално земено, тоа е околу два до три пати повеќе од нивната возраст, така што едно четиригодишно дете во просек би имало околу осум до 12 минути концентрација на една играчка или активност.

Повеќе