Болките во стомакот можат да бидат еден од првите симптоми на целијакија кај децата

Педијатрите предупредуваат дека децата со целијакија често може да се чувствуваат уморни и раздразливи. Некои добиваат и осип на кожата или ранички во устата. Еве кои се другите симптоми

376

Целијакијата е хронично дигестивно нарушување кое се јавува кај деца кои не можат правилно да го сварат глутенот, поточно протеинот кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Иако точната причина за оваа болест се уште не е со сигурност позната, педијатрите сметаат дека е наследна. Исто така, сè уште има многу луѓе кои имаат целијакија, а воопшто не им е дијагностицирана.

Според Kids Health, постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на целијачна болест кај детето, а родителите често ги игнорираат или мислат дека причината е нешто побанално. Ова ги подразбира следните знаци:

стомачни болки
надуеност
дијареа
ненадејно губење на апетит
губење на тежина
проблеми со растот.

Покрај овие симптоми, педијатрите предупредуваат дека децата со целијачна болест често може да се чувствуваат уморни и раздразливи. Некои добиваат и осип на кожата или ранички во устата. Проблемот понекогаш се меша со други дигестивни проблеми како што се воспалителна болест на цревата (IBD) или нетолеранција на лактоза.

Исто така, во некои случаи, детето нема да има никакви симптоми, а потоа одеднаш ќе почне да има проблеми во период на зголемен стрес или нагло слабеење на имунитетот.

Повеќе