Ако сте помлади од 45 години и ги имате овие симптоми, можеби сте во рана менопауза

Менопаузата е природен процес кој се јавува кај жените кога јајниците престануваат да произведуваат јајце клетки, што предизвикува трајно прекинување на менструацијата. Сепак, не поминуваат сите жени низ тоа на иста возраст

1.478

Менопаузата го означува последниот период во животот на жената и е нормален дел од стареењето. Се јавува кога нивото на женските хормони паѓа поради стареењето. Тогаш јајниците престануваат да ослободуваат јајце клетки, па жената повеќе не може да има менструација или да забремени.

За повеќето жени, тоа започнува на 52-годишна возраст, вели Стефани Фаубион, докторка, директорка на Центарот за женско здравје на Клиниката Мајо и медицински директор на North American Menopause Society. Во принцип, сосема е нормално менопаузата да започне на возраст од 45 или повеќе години.

Но, во одредени случаи, таа започнува порано и тоа може да биде проблем. Според д-р Фаубион, 5-7 проценти од жените доживуваат рана менопауза, а 1-2 проценти таканаречена предвремена менопауза.

Што е рана менопауза?

Како што кажува самото име, раната менопауза се јавува пред природната возраст, односно се јавува кај жени помлади од 45 години. Инаку, нема разлика помеѓу менопауза и рана менопауза, додава Фаубион.

Ова не е исто како перименопаузата, која се однесува на неколку месеци или години пред почетокот на менопаузата. За време на перименопаузата, жените може да почнат да забележуваат промени и недоследности во нивниот менструален циклус (заедно со неколку други проблеми) додека не дојде до менопауза.

Кои се знаците на рана менопауза?

Знаците и симптомите на раната менопауза се слични на оние на природната менопауза, вклучувајќи топли бранови, ноќно потење, сувост на вагината, промени во расположението и проблеми со спиењето – вели д-р Томас Енјарт, лекар во Орландо Health Physician Associates во Флорида, за HuffPost.

Тој додава дека може да се развие и емоционален стрес, анксиозност и депресија.

Единствената разлика е всушност возраста во која почнуваат да се појавуваат симптомите, а тоа е пред 45-тата година, вели д-р Леа Милхајзер, клинички професор по акушерство и гинекологија на Медицина Стенфорд во Калифорнија и главен медицински директор во Еверноу.

Дополнително, ако менструацијата престане најмалку три месеци кога сте под 45 години (а не сте бремени), тоа е знак за рана менопауза и треба да го посетите вашиот лекар, вели Фаубион.

Важно е да се обрне внимание на отсуството на менструација бидејќи некои жени минуваат низ рана менопауза без типични симптоми како што се ноќно потење и топли бранови, додава таа. Вообичаено, поради недостаток на други симптоми, жените не одат на лекар, но треба затоа што се изложени на ризик од болести на коските, мозокот и срцето доколку не користат хормонска терапија, вели Фаубион.

Тие исто така може да имаат поголем ризик од развој на одредени видови на рак, вклучувајќи рак на дојка и јајници, додава Енјарт.

Кого удира?

– Во повеќето случаи не знаеме која е причината, па тешко е да се каже кој е во ризик – вели Фаубион.

Иако може да изгледа случајно, постојат неколку групи на луѓе кои имаат поголема веројатност да го искусат. Хемотерапијата или терапијата со зрачење може да предизвикаат менопауза кај некои, вели Милхајзер, како и отстранувањето на јајниците. Исто така, семејната историја, ако вашата мајка, баба или сестра ја поминале, исто така може да ве изложи на поголем ризик.

Се разбира, има и други фактори кои треба да се имаат на ум.

– Ако жената добила менструација пред 11-годишна возраст, таа е во поголем ризик – изјави Милхајзер.

Како и жените кои пушат, тие ќе доживеат менопауза во просек две години порано од непушачите, додава тој.

Но, Фаубион забележа дека оваа двегодишна разлика не мора да значи дека менопаузата ќе започне пред 45-годишна возраст во сите случаи. Дополнително, некои автоимуни болести и генетски мутации може да резултираат со рана менопауза, рече таа.

Раната менопауза се разликува од предвремената менопауза

Постојат два вида на менопауза кои се јавуваат пред природната возраст: рана и предвремена.

Предвремената менопауза е позната како предвремена оваријална инсуфициенција, а се јавува кај жени помлади од 40 години. За секој кој го доживува, од клучно значење е да прима хормонска терапија до природната возраст на менопауза, рече Фаубион.

– Овие жени се изложени на ризик од срцеви заболувања, деменција, остеопороза, нарушувања на расположението, сексуална дисфункција и рана смрт – додаде таа.

Користењето на хормонска терапија до природната возраст на менопауза може да ги намали и спречи овие здравствени проблеми.

Кој е изложен на ризик од предвремена менопауза?

  • Додека раната менопауза само се случува, обично постои причина за предвремено откажување на јајниците – вели Милхајзер.

Тоа може да биде резултат на медицинска состојба, семејна историја или автоимуна болест, или може да биде хромозомска, додава тој.

– Хипотироидизмот или ревматоидниот артритис може да ве стават во ризик – вели Милхајзер.

Покрај тоа, луѓето со Тарнеров синдром (хромозомско нарушување) имаат зголемен ризик од предвремена менопауза, како и оние кои страдаат од синдром на хроничен замор.

  • Ако поминувате низ предвремено откажување на јајниците, треба да разговарате со вашиот лекар и да се обидете да ја идентификувате причината – додаде Милхајзер.
Повеќе