Kако родителите несвесно го воспитуваат детето да стане насилник

Според психолозите, дури и најдобронамерните родители понекогаш несвесно ги саботираат своите напори да одгледаат љубезни и грижливи деца.

469

Многу родители не знаат како да бидат сигурни дека воспитуваат добро и емпатично дете, а не иден насилник. Иако постојат истражувања кои покажуваат дека претерано попустливото родителство, насилните видео игри или злоупотребата од страна на родителите може да придонесат детето да стане насилник, она што може да ве изненади е фактот дека дури и најдобронамерните родители понекогаш несвесно ги саботираат своите напори да одгледаат љубезни и грижливи деца.

Како што објаснуваат психолозите, постојат неколку начини на кои родителите несвесно поттикнуваат малтретирање. Еден од нив е озборувањето. Имено, родителите кои имаат тенденција да озборуваат други луѓе ќе го поттикнат истото однесување кај своите деца, бидејќи децата секогаш гледаат и повторуваат сѐ што прават нивните родители.

Покрај озборувањето, уште една грешка е тоа што не ги покажувате чувствата. Психолозите предупредуваат дека многу родители често забораваат да ги изразат своите чувства и да кажат „те сакам“, без разлика дали се работи за разговор со детето или со партнерот. Позитивното прикажување на интимност во домот е темел на сите останати односи на нашите деца.

Без разлика колку сте зафатени, едноставната прегратка и бакнеж за секој член на семејството е одличен почеток за учење на здрава интимност. На децата треба да им се покаже дека ни се важни за да можат и тие самите да им го покажат истото на другите.

Третата работа што често несвесно поттикнува насилничко однесување кај детето е недоследно спроведување на правилата. Тоа е една од најлошите работи што родителите можат да ја направат, но во овие граници лежи слободата. Психолозите тврдат дека секогаш треба да поставуваме основни правила и да инсистираме на нив бидејќи само така децата ќе почувствуваат здраво чувство за моќ и независност и нема да чувствуваат потреба за малтретирање во настојување да ја вратат изгубената моќ.

Повеќе