Наздравје, си настинала, или наздравје, трудна си! Овој необичен симптом може да биде еден од најраните знаци на бременост

Освен отсуството на менструација, постојат и други, посуптилни знаци кои исто така може да укажуваат на бременост, но многу луѓе никогаш не би ги поврзале со тоа.

248

Отсуството на менструација и позитивен тест за бременост во повеќето случаи се првите знаци со кои жената дознава дека е бремена. Сепак, лекарите тврдат дека постојат и други, посуптилни знаци кои исто така може да укажуваат на бременост, а многу луѓе никогаш не би ги поврзале со тоа.

Еден од овие симптоми е кивањето. Како што објаснуваат лекарите, зголеменото течење на носот пропратено со кивање е последица од хормоните и зголемувањето на течноста во телото, со што се зголемува и дебелината на носната слузница која засилено лачи насобран секрет.

Сепак, повеќето трудници погрешно го поврзуваат кивањето со настинка или грип, поради што само ретки го препознаваат овој симптом како еден од најраните знаци на зачнување.

Повеќе