Диета пред зачнување – храна за оние кои планираат бременост
Потребни ви се 5 до 8 порции овошје и зеленчук дневно (една порција може да биде и еден плод). Ама ви треба и свежо месо, без маснотии – свинско, живина и риба кои треба да се најдат на вашето мени речиси секој ден. Задолжителни се и јаткастите плодови и семките. Кои намирници се најдобар избор прочитајте во текстот
Промената на вашиот животен стил и правилното јадење може да ги зголеми шансите за зачнување. Еве како да се подготвите доколку планирате да го проширите семејството
Самиот процес подразбира отфрлање на некои лоши навики, како и фокусирање на одредена храна.
Начин на живот
Сфатете го овој период како подготовка на телото за бременост. Според некои експерти, шансите за зачнување се зголемуваат доколку телото го подготвите на вистински начин – без стрес, со здрава исхрана, организиран живот, физичка активност и со многу позитивна енергија и смеа.
Пред сè, треба да се ослободите од сите нездрави навики кои можеби ги имате. Веројатно не треба ни да се спомнува, но секогаш се истакнува дека дрогата освен што е нелегална и лоша по здравјето, е многу лоша и за самото зачнување. Истражувањата покажаа дека влијае на квалитетот и квантитетот на спермата и дека може да има проблеми во развојот на бебето во утробата.
Цигарите се очигледно штетни, бидејќи влијаат на вашето здравје, го трошат вашето тело (кога му се потребни сите хранливи материи и сила), но и го намалуваат протокот на кислород до бебето. Може да се случи бебе да се роди со мала тежина, но и со други компликации. Затоа, ако планирате бебе, задолжително прво да се откажете од цигарите.
Во однос на алкохолот, мислењата се поделени. Сепак, повеќето се согласуваат дека можете да пиете по една или две чаши, на пример, вино или пиво одвреме-навреме, особено ако тоа ве релаксира.
Кофеинот не се препорачува за време на бременоста, бидејќи може да влијае на развојот на детето. Пред зачнувањето, најдобро е малку да го намалите внесот на кофеин. Тука не мислиме само на кафе. Кофеинот го има и во топлото чоколадо, какаото и одредени пијалаци.
Покрај горенаведените забранети производи, во групата се приклучуваат и вештачките засладувачи. Обично се советува да се избегнуваат, но некои лекари ги дозволуваат во умерени количини.
Храна која дефинитивно треба да ја јадете
Протеините се исклучително важни. Свежо месо, без маснотии – свинско, живина и риба треба да се најдат на вашето мени речиси секој ден. Нека биде најмалку 150 грама дневно. Сепак, гответе го или испечете го со помалку маснотии.
Јаткастите плодови и семките се задолжителни. Ова се вашите основни замени за сите грицки. Јадете бадеми, ореви, кикиритки, семки од сончоглед, лен,… Тие ќе ви помогнат да ја потиснете желбата за брза храна и слатки, а ќе добиете „пакет“ здрави масти.
Вклучете повеќе цели зрна во вашата исхрана и направете добри замени. Јадете овесна каша со лешници и суво грозје (без шеќер), изберете леб од цело зрно наместо обичен бел, мед наместо шеќер, интегрален ориз наместо обичен бел.
Потребни ви се и 5 до 8 порции овошје и зеленчук дневно (една порција може да биде и еден плод). Обидете се да ги јадете главно во сирова форма, а ако ги подготвувате, најдобро е на пареа за да ги задржите колку што е можно повеќе хранливите состојки и ензимите, кои се губат со печењето.
Јадете портокалово и жолто овошје (полно со бета-каротин); консумирајте моркови, кајсии, праски, нектарини, папаја, манго и дињи. Вклучете ги и јаболките (по можност домашни, неизлупени) на вашата листа, бидејќи се полни со витамин Ц, како и агрумите. Моќни антиоксиданти ќе најдете во боровинките, брусниците, малините, јагодите, …
Од зеленчукот многу ви се важни и зелените: спанаќ, блитва, кељ, зелена салата, блитва,…
Префрлете се од обично, на ладно цедено сончогледово или маслиново масло или масло од авокадо.
Пренатални витамини
На жените обично им се советува да земаат фолна киселина пред зачнувањето, но и дополнителни витамини. Консултирајте се со вашиот лекар за тоа кои суплементи би можеле да ги земате и земајте витамини од храната преку зеленчук, агруми, јаткасти плодови, житарки, киви, …
Идеална тежина
За жените кои сакаат да забременат, не е пожелно да се со прекумерна или недоволна тежина. Премногу слабите мајки најчесто раѓаат деца со помала тежина, но и потешко забременуваат. Оние кои се со прекумерна тежина имаат проблеми со овулацијата и треба да ослабат пред зачнувањето. Експертите советуваат да слабеете полека – само половина или 1 кг неделно додека не ја достигнете идеалната тежина.
Ова е периодот во кој треба да уживате, да бидете опуштени, насмеани и без стрес. Ценете го вашето тело, зајакнете го со вежби и прошетки.