Имате дете кое е пребирливо? Пробајте некои од овие едноставни трикови и можеби ќе ја изеде целата храна во чинијата
Оброкот може да стане вистинско бојно поле за родителите, особено ако детето е пребирливо. Не грижете се, сето тоа е нормално. Ви носиме совети кои можете да ги извадите од ракав за конечно да имате мир на трпезата, а најмалите да се хранат здраво и квалитетно
Оброкот може да стане вистинско бојно поле за родителите, особено ако детето е пребирливo. Австралиските научници спроведоа повеќе од 80 студии за да откријат што да прават со пребирливите мали деца. Откриле дека притисокот, наградата како и уцените и заканите од родителите нема да помогнат. Од друга страна, ако семејството јаде заедно и ги вклучи децата во подготовката на храната, тоа ќе ја намали можноста за отфрлање на некои од намирниците во чинијата.
„Времето за ручек обично е многу стресно за родителите на пребирливите деца бидејќи тие се обидуваат да создадат рамнотежа помеѓу семејниот оброк и храната што ја јадат нивните деца. Во некои семејства децата не сакаат зеленчук, а во други семејства децата не сакаат одредени бои или текстури на храната. Некои од овие преференци може да се поврзат со карактерот на детето, но тоа е тешко да се промени. Сепак, постојат и други фактори кои можат да ги намалат проблемите со исхраната кај децата“, посочува Лејн Чилман од Универзитетот Sunshine Coast во Австралија.
„Ако јадете заедно како семејство, вклучително и сите браќа и сестри, а оброкот е секогаш во исто време, ова ќе го намали негодувањето кај малите пребирливци.
Ќе помогне и ако децата учествуваат во подготовката на оброкот или со избирање кое јадење да го јадат или со учество во неговото подготвување. Меѓутоа, дозволувањето на децата кои се тешки за јадење да гледаат телевизија додека јадат или да им се нудат награди за јадење одредена храна може да има негативно влијание врз нив“, додаде Чилман.
Ен Кенеди Бер од Универзитетот во Јужна Австралија вели дека стресот ја поттикнува пребирливоста кај децата.
„Кога имате дете кое е пребирливо, родителите преживуваат голем стрес. Тие постојано се загрижени дали детето добива доволно хранливи материи, доволно храна и дали напредува според возраста”, објаснува Кенеди Бер. Важно е да се разбере дека родителската анксиозност и стрес може дополнително да ја поттикнат пребирливоста на децата.
„На сите ќе им дојде добро ако ја избегнете лутината и ја ограничите негативната енергија за време на оброците. Позитивното родителство, без разлика колку е тешко во одредени ситуации, е најдобриот чекор напред кога станува збор за пребирливите деца“, додава Кенеди Бер.
Научниците велат дека е важно да се применат неколку стратегии за да се „натера“ детето да јаде оброк, а тоа е пред сè, добар пример.
Јадете заедно како семејство. Секогаш планирајте ги оброците во исто време бидејќи тоа го намалува стресот и вклучете ги децата во подготовката на оброците бидејќи блискоста и чувството за контрола може да помогнат. За време на оброците намалете го стресот и негативните емоции и секако не ги наградувајте или казнувајте пребирливите деца.