Дадилка од богато семејство открива како изгледа нејзината работа и што ѝ е забрането (ВИДЕО)
Сѐ што е нивно, тоа е и мое, вели дадилката која има право да ги користи автомобилите и велосипедите, козметичките производи и сѐ што е домот на семејството за кое работи, а освен тоа почнала да прави и видеа од секојдневјето на детето што го чува и да ги објавува на Тик-Ток. Еве како изгледа нејзиниот живот
Дваесетитригодишната Евелин Синглтон минатата есен се вработила како дадилка во богато семејство. Откако ги сподели нејзините интереси и страсти на веб-страница за дадилки, за кои сметаше дека се поважни од едноставно набројување на нејзиното работно искуство, таа доби барање од семејство кое се доселило во САД од странство.
„Ми се јави мајката на момчето Џејкоб. Разговаравме еден час. Ме прашаа какви развојни активности планирам и како би ги следела развојните пресвртници на нивниот син. По тој повик следеше видео повик и потоа ми дадоа понуда за работа“, вели таа.
Евелин дипломирала во 2021 година, брзо се вработила во компанија и сфатила дека тоа не е за неа. Затоа по шест месеци дала отказ и решила да стане дадилка.
„Се договорив со семејството да го чувам момчето во работните денови од 9 до 17 часот, додека уште пет часа неделно же бидам достапна за повремено чување навечер. Морав да го чувам момчето, да му готвам и да му ја перам облеката, а добивав и платени прекувремени часови“, открила таа.
Она што е нивно е и нејзино
Семејството ѝ обезбедило сопствена спална соба со брачен кревет, бања и гардероба. Таа можела да ги користи сите намирници и козметички производи во куќата.
„Имаа став, она што е наше е и твое. Ми дозволија да ги користам нивните автомобили и велосипеди. Ме поканија и да јадам со нив и да им се придружам во активностите“, забележува таа.
Евелин е свесна дека е проблем да се балансира помеѓу приватниот и деловниот живот кога живеете под ист покрив со вашиот работодавец. Затоа таа верува дека почитувањето е клучно за да функционира релацијата.
Тие имаат само едно правило за објавување на Тик-Ток
„Патував со нив, а идејата да почнам да објавувам детали од секојдневјето со Џејкоб на Тик-Ток ми ја даде неговиот татко. Тие само поставија правила за тоа што е забрането да се споделува, како адреси, регистарски таблички или што било поврзано со таткото на Џејкоб или неговата кариера. Пред да го објавам видеото, им го испраќав на родителите да проверат дали содржината е во ред“, продолжува таа.
Со текот на времето, Евелин почнале да ја препознаваат минувачите, а неколку детски брендови се јавиле за соработка. Дадилката ќе ги разработи деталите со родителите, но има намера да издвои процент од заработката за иднината на Џејкоб.