Педијатарка од Харвард сподели што никогаш не прави кога нејзините деца се болни

Педијатарка споделува што не треба да се прави кога се децата болни, а меѓудругите совети е и оној дека, не треба да го будите детето само за да му дадете лек. Спиењето е важно за закрепнување

247

Како и секој родител, педијатарката и мајка Кели Фрадин знае колку е тешко кога треба да се грижиш за болно дете. Фрадин се школувала на Харвард и вели дека кога нејзините деца се болни, таа секогаш обрнува внимание на петте работи наведени подолу.

Ако имаат температура, но спијат, никогаш не ги буди за лекови
Спиењето е важно за заздравување, закрепнување и раст, а тешко е да спиеме доволно кога кашламе или имаме затнат нос.

„Со тоа што ќе им дозволиме на децата да се одморат, обезбедуваме нивниот имунолошки систем подобро да се бори со вирусот“, истакнува таа за CNBC.

Секогаш дава лек за намалување на температурата ако децата не изгледаат добро
„Доколку детето има температура и дише побрзо или потешко, пие помалку течност или не може да спие, не би се двоумелa да му дадам безбедни и ефикасни лекови како што е ибупрофен“, вели д-р Фрадин, но истакна дека е неопходно да се посети лекар ако ги користите лековите барем три пати на ден, повеќе од три дена.

Секогаш добро погледнете ги децата
Д-р Фрадин тврди дека термометрите не се најточни и затоа предупредува: „Погледнете го вашето дете пред да почнете да паничите“.

Ако децата се добро, дишат нормално и хидрирани се, ситуацијата веројатно не бара итна медицинска помош. Исто така, ако детето изгледа многу болно, а термометарот вели дека нема температура, можеби сепак ќе му треба лекарска помош.

Против кашлица никогаш не користи ништо друго освен мед
Американската академија за педијатрија не препорачува лекови против кашлица, а педијатарката се согласува.

„Сирупите за кашлица понекогаш ги имаат истите состојки како антипиретиците, што значи дека може да доведат до предозирање. За деца постари од една година користам само мед или сируп против кашлица со мед како главна состојка. Се покажа дека тие делуваат исто како и другите лекови, но со помалку ризици“, вели таа.

Никогаш не го мерете лекот со лажички
Дозите на лекови за деца зависат од возраста и тежината, а лажичките се со различни големини. Поради ова, д-р Фрадин секогаш ги проучува упатствата за дозирањето на лекот во милилитри и им ги дава на децата со помош на шприц за да се увери дека ја дала точната доза на лекот, пишува CNBC.

Повеќе