Дали некогаш сте се запрашале дали сте можеби премногу строги со вашето дете? Во воспитувањето е најдобро да се најде средина помеѓу строг и опуштен пристап.
Софи Барон, експертка за родителство, открива осум знаци кои покажуваат дека треба малку да се опуштите кога станува збор за воспитувањето на вашето дете.
Цело време се жалите
Софи вели дека ако постојано да се жалите или го казнувате вашето дете, можеби се однесувате премногу грубо.
„Се разбира, некои однесувања се непожелни (на пример, истурена храна на тепих), но не се нужно причина за дисциплинирање или за вознемирување“, вели таа.
Очекувате совршенство
Ако се стремите кон совршенство и го очекувате истото од вашето дете, му предизвикувате непотребен стрес.
„Слушајте ги вашите деца и прифатете ги нивните личности, тоа ќе им помогне за нивната самодоверба. Ако детето полека облекува чевли наутро, не го прави тоа за да ве нервира. Децата понекогаш не прават ништо лошо, а вие треба да се запрашате што можете да направите поинаку за да ја поддржите нивната уникатност“, објаснува Софи.
Не му дозволувате на вашето дете да донесува независни одлуки
Ако не му верувате на вашето дете дека може самостојно да донесе некои одлуки, тоа може да биде знак дека сте премногу строги кон него. Софи тврди дека децата треба да бидат овластени да се грижат за себе и да бидат независни.
„ Ако вие избирате што ќе носи вашето дете и каква фризура ќе има, можеби претерувате. Границите се добри, тие им помагаат на децата да се чувствуваат безбедни. Но запрашајте се колку е навистина важно за вас да бидете во право“, додава таа.
Ја условувате вашата љубов
Можеби се срамите од вашето дете или го напаѓате, а тоа може сериозно да влијае врз неговата самодоверба. Софи истакнува дека љубовта никогаш не треба да ја условуваме со децата.
„Фокусирајте се на однесувањето и на постапките на детето и кажете: Те сакам, но очекувам да го правиш тоа и тоа. Децата не треба да се чувствуваат како да треба да направат или да кажат нешто посебно за да ја заслужат нашата љубов и наклонетост“, вели таа.
Вашето дете лаже
Ако го фатите вашето дете како лаже, тоа може да биде знак дека сте премногу строги.
„Лажењето е сосема нормално кај малите деца, но ако детето не сака да се отвори, може да се плаши од строга казна. Поставете јасни граници и кажете му на детето кое однесување е прифатливо, а кое не и зошто не. Потсетете го детето ако нешто не треба да прави и помогнете му да се чувствува побезбедно кога зборува за својот ден“, вели таа.
Не се смее често
Децата се радост, а строгите родители често забораваат да уживаат во нив, истакнува Софи. Таа објаснува дека е важно да се смеете и да се шегувате со вашите малечки и да им покажете дека уживате во нивното друштво.
Повеќе кажувате „не“ отколку „да“
Запрашајте се зошто сте толку крути ако забележите дека кажувате „не“ почесто од „да“.
„ Кога велите „да“ за некои работи, особено ако не можат да му наштетат на вашето дете, можете само да изградите доверба и да му помогнете на вашето дете. Запрашајте се дали го користите зборот „не“ само за да ја покажете својата моќ“, советува Софи.
Ги наградувате резултатите, а не трудот
Овој потег на родителите може да создаде луѓе кои не се изложени на ризик и се плашат од неуспех, истакнува Софи.
„Прифатете ги напорите на вашето дете, без разлика на исходот. Ова помага да се развие отпорност и соработка, а двете вештини ќе им служат на децата подоцна во животот“, заклучува таа.