Имате приврзано дете? Овие зборови би можеле да му го олеснат останувањето во градинка

1.324

Чувството на вознемиреност предизвикано од одвојувањето од родителите е вообичаено и нормално за малите деца. Тие се приврзани и поради тоа оставањето во градинка или дури во училиште може да биде многу болно, како за детето, така и за родителите.

Корисничката на Инстаграм, Аби Веџворт и самата се борела со оставањето на своето дете во градинка, но на крајот смислила нешто што ќе му помогне на нејзиното тригодишно дете полесно да се одвои од мајка си.

„Секогаш кога го оставам во градинка, држам говор кој навистина ми помага, дури и мене“, вели таа во објавата, а потоа појаснува за што станува збор.

„Му кажувам на детето дека никогаш не би го оставила некаде каде што не е…

Тој ми одговара „безбедно“.

Потоа велам дека никогаш не би го оставила на место што не е…

Тој додава „забавно“.

После тоа му објаснувам: „Ти си безбеден и можеш да се забавуваш. Јас ќе заминам сега, но никогаш не би те оставила некаде каде што не си безбеден или каде што не можеш да се забавуваш. Едвај чекам да слушнам како ти поминал денот.’ Потоа ѝ го предавам на наставничката и заминувам“, вели таа.

Родителите кои се борат со ова прашање ѝ се заблагодаруваат на Веџворт за идејата. Сепак, една мајка истакнала дека тоа не функционира за нејзините деца.

„За жал, имавме уште поголеми проблеми бидејќи нашето дете се повреди во градинка и не се чувствуваше безбедно. Таа фраза всушност предизвика недоверба бидејќи за него немаше вистина во неа“, напишала таа.

Сепак, ова е само еден од начините да се олесни анксиозноста од разделување кај детето кој не мора да функционира кај сите.

Повеќе