Милениумци, Ипсилон, Зет, Алфа: Дали знаете какви се разликите меѓу генерациите и на која ѝ припаѓате? (ВИДЕО)

Сигурно сте слушнале за ‘милениумци’, за ‘генерација X’, како и за ‘генерација Z’. Дали го знаете нивното значење и кои се нивните припадници?

272

Сигурно сте слушнале некои имиња за постарите и поновите генерации последниве години.

На пример, сигурно сте слушнале за ‘милениумци’, за ‘генерација X’, како и за ‘генерација Z’. Дали го знаете нивното значење и кои се нивните припадници?

Најчесто, генерациите се поделени на следниов начин:

Baby Boomers – оние родени по Втората светска војна, до 1960 година
Генерација Х – родени од 1960 до 1980 година
Генерација Y (Millennials) – оние родени од 1980 до 1995 година
Генерација Z – родени од 1995 до 2010 година.
Алфа деца – оние родени од 2010 година

Бејби Бумерсите живееле во бран на оптимизам – „Живеј брзо, умри млад, биди убав леш“ е фраза што се поврзува со оваа генерација.

Генерацијата Х се карактеризираше со мобилност на работната сила, а дури повеќе од 60% од членовите на оваа генерација се високообразовани.

И, тогаш, доаѓаме до можеби најпознатата генерација – Millennials. Некои дури сметаат дека на оваа генерација ѝ припаѓаат и оние родени до 2000 година. За нив се вели дека се најпродуктивни. Тоа е генерацијата која го „откри“ сиот шарм на технологијата, но и на некои други сѐ понапредни науки. Тие често се сметаат за нарцисоидни.

Генерацијата Z се смета за ранлива и неспособна, бидејќи, како што велат, животот им е многу олеснет токму поради претходно споменатата технологија. Животот им е на дланка и не се научени да размислуваат логично. Сепак, тие најмногу ги прифаќаат различностите.

Алфа децата се „некоја нова, идна генерација“ која нема да може да го замисли животот без паметен телефон. Од неа се очекува многу – можеби најмногу од сите споменати.

Погледнете го видеото на оваа тема подолу:

Повеќе