Мајка по име Јелена открила дека по породувањето останала со пукнати крвни садови на лицето и очите. Таа го споделила своето искуство во видео објавено на TикTок
Новопечената мајка била шокирана од нејзиниот одраз во огледалото по раѓањето на нејзиниот син. При природно породување, напорот од напонот што го давала довел до пукање на крвните садови. Во коментарот таа напишала: „Првите неколку дена се плашев да се погледнам во огледало. Никогаш не сум видела нешто слично“.
Таа нагласила дека сето тоа вредело за нејзиното дете, а луѓето се шокирани од тоа дека такво нешто може да се случи со породувањето. Сепак, Јелена во видео кое е прегледано над 600.000 пати објаснила дека последиците исчезнале по две недели.