Ако детето не расте колку што треба, можеби му недостасува калциум. Еве во кои намирници го има доволно

Бавниот раст кај децата или остеопорозата кај постарите може да укажуваат на недостаток на калциум. Ова е храната во која најмногу го има

585

Заедно со витаминот Д, калциумот е еден од најважните минерали кои се добри за нашите коски. Недостатокот на калциум кај децата е поврзан со забавен раст, а кај постарите со остеопороза.
Според Американскиот институт за медицина, нормалната дневна доза на овој минерал за луѓе меѓу 19 и 50 години е од 1.000 до 2.500 милиграми дневно. Калциумот најдобро се внесува во организмот по природен пат, преку храна богата со овој минерал. А која храна е богата со калциум?

Млеко
Млекото е еден од најдостапните извори на калциум. Една чаша млеко содржи 276–352 мг од овој минерал, а козјото млеко е особено богато со калциум. Една чаша козјо млеко содржи 327 мг калциум.

Млечни производи
Многу млечни производи се богати со калциум. На пример, 100 грама нискокалоричен јогурт содржи 199 мг калциум. Од сирењата, пармезанот е особено богат со овој минерал бидејќи во 100 грама пармезан има 1.184 мг калциум.

Зелен лиснат зеленчук
Природен извор на калциум е достапен на секој пазар. Марулата, зелката, кељот, блитвата… се едни од најздравите намирници богати со витамини. Но, што се однесува до калциумот, се истакнува спанаќот. Во 100 грама варен спанаќ има 136 мг од овој важен минерал.

Бадеми
Доколку умерено јадете бадеми, на повеќе начини ќе придонесете за подобро здравје на целиот организам. Во 100 грама бадеми има 264 мг калциум, што ги прави еден од најбогатите извори на овој минерал. Богати се и со магнезиум, манган и витамин Е.

Тофу сирење
Оваа храна која ни дојде од далечниот исток е апсолутен победник кога е во прашање количината на калциум бидејќи 100 грама тофу сирење содржи 683 мг калциум. Овој производ, кој погрешно го класифицираме како сирење, се добива со коагулација на протеините од соја млеко.
Во Европа дојде дури на почетокот на дваесеттиот век. Треба да се напомене дека нивото на калциум зависи од коагулантите кои се користат при производството, а единствен недостаток му е што содржи високо ниво на маснотии.

Повеќе