Медицинската сестра Ники Џакарта предупреди на можен сериозен здравствен проблем кај бебињата, на кој многумина не обрнуваат внимание. Таа објави две фотографии од глава на петмесечно бебе на Инстаграм и ги замоли следбениците да се обидат да ја најдат разликата. На првата фотографија главата на бебето изгледа нормално, додека на втората нејзината фонтанела е испакната, а тоа може да укажува на сериозен проблем.
„Испакнатата фонтанела бара итна медицинска проценка“, вели таа, а потоа објаснува дека го користела примерот на бебе кое имало температура од 38,3 степени.
„Родителите ја забележале испакнатата фонтанела и отишле во служба за итни случаи. На детето му биле дадени лекови и му била дијагностицирана пост-вирусна транзиторна испакнатост на фонтанелата, за која родителите ретко знаат.
Испакната фонтанела се јавува кога се акумулира течност во мозокот или кога мозокот отекува Понекогаш состојбата е привремена, на пример кога детето лежи, плаче или повраќа и тоа не е причина за грижа, но ако тоа потрае, веднаш одете на лекар“, додава таа.
Доколку ситуацијата е загрижувачка, покрај испакнатата фонтанела може да се јави и грозница, поспаност и раздразливост, тврди медицинската сестра.