Ако можете да одговорите со „да“ на овие 5 прашања, вие сте во вистинска врска

Психологот Џонис Веб составила прашалник со пет прашања кои можат да откријат дали се партнерите во вистинска и здрава врска.

331

Психологот Џон Готман открил во студија од 2002 година дека презирот е вообичаен нуспроизвод на недостатокот на вештини за врска. Тој исто така тврди дека презирот е најсилен показател дека парот ќе се разведе.

Освен тоа, психологот Џонис Веб во неодамнешното интервју за YourTango изјавила дека често се среќава со клиенти кои проценуваат дали се во „вистински однос“ со партнерот. Затоа, таа ги составила следните пет прашања кои можат да откријат дали се партнерите во вистинска и здрава врска.

Можете ли и двајцата да го контролирате вашиот гнев доволно за да зборувате за тежок проблем задржувајќи ја грижата еден за друг?
Дали можете да ги сослушате меѓусебните грижи и да ја контролирате својата одбранбена позиција?
Дали и двајцата сте подготвени да се соочите со тешкотии и да се смените себеси за да ја одржите врската?
Дали си кажувате кога сте вознемирени или кога мислите дека нешто во врската треба да се подобри?
Ако вашиот одговор на кое било од горенаведените прашања е „не“, дали имате волја да ги научите овие работи?

„Ако сте во брак и имате некои „не“ одговори, не значи дека тоа мора да значи крај.

Сѐ додека и двајцата сте спремни да ги научите потребните емоционални вештини, вашиот брак може да стане сè она што секогаш сте го сакале“, заклучува психологот.

Таа предлага да се обидеме да ѝ дадеме на врската повеќе време за да видиме дали и двајцата сме подготвени да ги надминеме нашите грижи и проблеми.

Повеќе