Ако не ги знаете одговорите на овие прашања, тогаш навистина не ги знаете вашите деца

Не заборавајте – вие не сте родител само затоа што сте му обезбедиле на детето храна, облека и покрив над главата. Тоа го имаат и децата во сиропиталиштата.

133

По невидената трагедија што ја снајде Србија во која животот го загубија невини деца и еден чувар во училиштето, сите велат „разговарајте со децата“. Но многумина велат дека не знаат како да зборуваат со своите деца.

Еве неколку идеи за разговор:
Дали ги познавате вашите деца подлабоко од нивните оценки, бројот на голови или кошеви што можеби ги постигнале на тренинзите или натпреварите?

Или брзината со која го препливале базенот на 100 метри краул?

Дали знаете која е нивната омилена боја? Омилено годишно време?

Знаете ли што најмногу ги плаши во моментов? На што се радуваат?

Дали знаете какви соништа сонувале синоќа или изминатите ноќи?

Дали некогаш сте ги прашале:

Што те прави најсреќен? А најтажен?

Како се чувствуваше денес на училиште?

Со кои зборови би го опишал денешниот ден?

Кој е твојот омилен предмет и зошто?

Кој е твојот омилен наставник/професор и зошто?

За што најмногу сонуваш во последно време?

Има ли личност на која ѝ се восхитуваш и зошто?

Дали ти е жал заради нешто денес или овие денови?

Кога би можел да смениш/да направиш нешто поинаку, што би било тоа? Зошто?

Што би сакал да правиш денес/овие денови?

Дали има нешто што те загрижува денес/овие денови?

Зошто (не) ти се допаѓа оваа емисија? Овој филм? Оваа видео игра? Книга?

Како сакаш да се одмораш?

За што најмногу размислуваш денес/деновиве?

Како се чувствуваш денес/деновиве?

Зошто сакаш да се дружите со…, а не со…?

Дали ти треба помош денес?

Дали има нешто што би сакал да ми кажеш, а не си се осмелил?

Овие прашања се применуваат секој ден, не само во трагични ситуации како таа во Белград. Кога разговарате со нив и го прашувате ова, треба да го правите тоа внимателно, нежно, за тие навистина да почувствуваат дека ве интересираат одговорите, дека можете да бидете искрени со нив, а не како да се на обвинителна клупа. И секако дека нема да го прашувате сето тоа секој ден.

Верувам дека огромното мнозинство од оние кои сега се родители, никој не ги прашувал такви работи кога биле деца. Но, ако не ги знаете одговорите на овие прашања, тогаш навистина не ги знаете сопствените деца.
И не заборавајте – вие не сте родител само затоа што сте му обезбедиле на детето храна, облека и покрив над главата. Тоа го имаат и децата во сиропиталиштата.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе