Ако некој се смее кога е нешто за плачење… Можеби станува збор за деменција?

Долго пред да се појават знаците на деменција кои се повеќе од очигледни, оваа болест дава некои многу суптилни знаци кои укажуваат дека овој катастрофален и неповратен процес зема замав.

322

Смеењето е лек, но понекогаш може да биде и показател за некоја болест. Смеењето како знак на деменција може да се препознае кога возрасните се смеат на некои сериозни ситуации или обратно – ги преживуваат смешните ситуации без насмевка. Експертите тврдат дека ова е еден од најраните знаци на деменција, кој не треба да се игнорира.

Меѓу многу очигледните знаци на деменција е и заборавањето кое целото опкружување на болниот веднаш го забележува. Сепак, еден знак обично е целосно невидлив во раните фази на деменцијата, а тоа е промена во разбирањето на хуморот, во смисла дека некои сериозни ситуации на лицето му стануваат смешни, но и обратно, дека интересните настани се проследени со игнорирање.

Едно научно истражување покажало дека промената на типот на хумор што некој инаку го претпочита може да биде ран знак за Алцхајмерова болест. Пријателите и роднините на личноста која боледува од деменција можат да ѝ помогнат со тоа што ќе ја забележат оваа промена долго пред да се појави болеста.

Преминот од склоност кон апсурдна или сатирична комедија кон некој друг вид хумор може да послужи како ран показател за деменција, велат експертите. Оваа промена најчесто се открива кај пациенти со дијагноза на фронтотемпорална деменција, која е и најчеста причина за деменција кај лица под 55-годишна возраст. Овој тип на деменција влијае на делови од мозокот поврзани со однесувањето и личноста, па заболените имаат тенденција да станат импулсивни и често имаат проблеми во социјалните ситуации. Се случува пациентите кои страдаат од оваа форма на деменција несоодветно да се смеат на настани кои дотогаш не ги насмеале или не се настани на кои луѓето вообичаено се смеат, како на пример лаење на куче, автомобил што е лошо паркиран, природна катастрофа и слично.

Водачот на истражувачкиот тим кој ја спроведе оваа научна студија, д-р Камила Кларк, истакнала дека хуморот е добар начин за откривање на деменција поради многуте различни аспекти на функцијата на мозокот што таа ги подразбира, имено емоциите, социјалната свест, па дури и решавањето загатки.

Разбирањето на најраните предупредувачки знаци на деменција може да помогне да се постави дијагнозата полесно и побрзо, како и да ги подобри резултатите за сите оние кои страдаат од неа.

Минатата година, деменцијата ги надмина срцевите заболувања како водечка причина за смрт во Англија и Велс. Процентот од речиси 12 отсто од сите смртни случаи настанати како последица на некоја болест ѝ припаѓа на оваа болест. Бројот на Американци кои страдаат од некоја форма на деменција е повеќе од 5 милиони, а на секои 66 секунди во таа земја едно лице се разболува. Токму овие податоци покажуваат дека раната дијагноза и подобриот третман на пациентите е она што е многу важно во лекувањето на оваа болест.

Добрата работа е што здравиот начин на живот може да биде многу корисен во спречувањето на оваа болест. Редовното вежбање може да го преполови ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Совет е да се вклучи мозокот што повеќе секој ден во бројни активности за да се спречи и забави влошувањето на неговата функција.

Покрај редовната ментална и физичка активност, здравиот начин на живот вклучува исхрана, која е од витално значење за спречување на деменцијата. Медитеранската исхрана која е богата со мешунки, риба, зеленчук и здрави масти ги покажала своите резултати во намалувањето на ризикот од болести.

Смеењето е лек, но понекогаш може да биде и показател за некоја болест. Смеењето како знак на деменција може да се препознае кога возрасните се смеат на некои сериозни ситуации или обратно – ги преживуваат смешните ситуации без насмевка. Експертите тврдат дека ова е еден од најраните знаци на деменција, кој не треба да се игнорира.

Долго пред да се појават знаците на деменција кои се повеќе од очигледни, оваа болест дава некои многу суптилни знаци кои укажуваат дека овој катастрофален и неповратен процес зема замав.

Меѓу многу очигледните знаци на деменција е и заборавањето кое целото опкружување на болниот веднаш го забележува. Сепак, еден знак обично е целосно невидлив во раните фази на деменцијата, а тоа е промена во разбирањето на хуморот, во смисла дека некои сериозни ситуации на лицето му стануваат смешни, но и обратно, дека интересните настани се проследени со игнорирање.

Едно научно истражување покажало дека промената на типот на хумор што некој инаку го претпочита може да биде ран знак за Алцхајмерова болест. Пријателите и роднините на личноста која боледува од деменција можат да ѝ помогнат со тоа што ќе ја забележат оваа промена долго пред да се појави болеста.

Преминот од склоност кон апсурдна или сатирична комедија кон некој друг вид хумор може да послужи како ран показател за деменција, велат експертите. Оваа промена најчесто се открива кај пациенти со дијагноза на фронтотемпорална деменција, која е и најчеста причина за деменција кај лица под 55-годишна возраст. Овој тип на деменција влијае на делови од мозокот поврзани со однесувањето и личноста, па заболените имаат тенденција да станат импулсивни и често имаат проблеми во социјалните ситуации. Се случува пациентите кои страдаат од оваа форма на деменција несоодветно да се смеат на настани кои дотогаш не ги насмеале или не се настани на кои луѓето вообичаено се смеат, како на пример лаење на куче, автомобил што е лошо паркиран, природна катастрофа. и слично.

Повеќе