Ако никогаш не вели благодарам – разгалено е

Разгалените луѓе веруваат дека сè им припаѓа, па затоа не ценат ништо. Забораваат да кажат „благодарам“ дури и кога некој им прави значајна услуга затоа што не ја гледаат вредноста во она што им е дадено – тие сметаат дека тоа и онака го заслужиле. Според експертите, ова се четирите особини на разгалените возрасни деца.

42

Родителите често се стремат кон истата цел: да воспитаат љубезно, сочувствително и независно дете. Сепак, колку и да се трудите, развојот на детето може да тргне по неочекуван пат. Децата се сложени, непредвидливи суштества и понекогаш израснуваат во возрасни кои ги покажуваат токму оние особини што нивните родители се обиделе да ги избегнат.

Психолозите истакнуваат дека однесувањата како што се емоционалната незрелост, недостатокот на благодарност и верувањето дека сè им припаѓа може да бидат знаци за подлабок проблем – дури и кога родителскиот пристап бил грижлив и избалансиран. Значи, според експертите, ова се четирите особини на разгалените возрасни деца.

Очекуваат награда за извршување на основните задачи
Еден од јасните знаци дека се разгалени е верувањето дека секое извршено очекувано однесување, заслужува награда – без разлика дали станува збор за доаѓање на работа на време или чистење на својата соба. Експертите од Crucial Wealth предупредуваат: „Чистењето соба или организирањето на плакарот не треба да имаат цена – вистинската награда е чувството за ред и навики кои го олеснуваат секојдневниот живот“, пренесува YourTango.

Наместо навиките да се стекнуваат преку разбирање на нивните придобивки, разгалените луѓе очекуваат пофалби или материјални награди за минимален напор, што им отежнува да воспостават самодисциплина во зрелоста.

Ги понижуваат работниците во услужните дејности
Луѓето со силно чувство на супериорност често се однесуваат грубо кон келнерите, касиерите или доставувачите, иако можеби пораснале со родители кои секогаш покажувале почит кон овие професии.

Психологот Мелани Морисон објаснува дека луѓето на овие работни места имаат поголема веројатност да бидат непочитувани бидејќи имаат помала моќ од клиентите: „Овие луѓе често немаат голема контрола, што ги прави полесни мети“.

Иако нивните родители можеби дале пример за учтивост, возрасното дете кое се чувствува посупериорно од другите ги користи послабите како издувен вентил.

Тешко прифаќаат „не“ за одговор
Разгалените луѓе често веруваат дека правилата не важат за нив. Секаков вид на поставување на граници предизвикува фрустрација, лутење или емоционална манипулација.

Клиниката Кливленд истакнува дека е природно луѓето да сакаат автономија, но важно е да знаат како да го прифатат одбивањето како дел од животот. Луѓето кои ја немаат развиено оваа способност често веруваат дека нивните потреби се над оние на другите и дека не треба да им се противречи, што доведува до проблеми во односите и на работа.

Ретко изразуваат благодарност
Еден од највпечатливите знаци дека сте разгалени во зрелоста е недостатокот на благодарност – дури и во ситуации кога тоа е вообичаено и очекувано.

Авторот Арлин Кунциќ во книгата „The Anxiety Workbook“ вели: „Разгалените луѓе не се чувствуваат благодарни за она што го имаат. Тие веруваат дека сè им припаѓа, па затоа не ценат ништо“. Таквите поединци забораваат да кажат „благодарам“ дури и кога некој им прави значајна услуга затоа што не ја гледаат вредноста во она што им е дадено – тие сметаат дека тоа и онака го заслужиле.

Повеќе