Американските експерти издале нови упатства за доење

Американската академија за педијатрија (ААП) издаде нови упатства за доење според кои мајките треба да ги дојат своите деца 2 години или подолго.

154

Според новите упатства на Американската академија за педијатрија (ААП) мајките треба да ги дојат своите деца 2 години или подолго. Здружението на педијатри, исто така, нагласило дека се потребни „социјални и системски промени“ за да се поддржат мајките кои дојат да успеат.

Ажурираните препораки на AAP за мајките кои дојат, објавени во списанието Pediatrics за јули 2022 година, вклучуваат совети за ексклузивно доење во првите шест месеци од животот на бебето, додека доењето треба да продолжи во комбинација со додатоци богати со хранливи материи по шест месеци. ААП вклучи препорака до здравствените работници да ги поддржуваат и охрабруваат мајките да дојат до 2 години.

Важноста на мајчиното млеко

„Мајчиното млеко е уникатно по своите хранливи материи и заштитни ефекти и е навистина неверојатно кога ќе разберете што прави за развојот на имунолошкиот систем на детето“, вели експертот Џоан Јангер Мик, која е исто така главна авторка на извештајот. „Не секоја жена може да дои или да продолжи да дои онолку колку што сака поради различни причини, вклучително и ограничувања наметнати од работните обврски. Семејствата заслужуваат поддршка без осуда, информации и помош што ќе ги води во хранењето на нивното бебе“, вели таа.

Некои го прозвале ААП за издавање на овие насоки

Иако ААП нагласи дека на мајките што дојат им е потребна поддршка за да продолжат да го прават тоа до вториот роденден на нивното дете, вклучувајќи бенефиции како што се универзално платено породилно отсуство, грижа за децата на работното место и соби за доење и идојување во канцелариите, многу родители на социјалните мрежи веруваат дека тоа е лош момент. Имено, родителите во Америка константно се борат со недостаток на формула за доенчиња и со одлуката на Врховниот суд да ја поништи пресудата на Роу против Вејд, која дотогаш го гарантираше правото на абортус во Америка.

„Дали го доев моето бебе до 2 години или подолго? Не. Дали би сакала да го дојам моето бебе до 2 години или подолго? Исто така не. Но, дали мислам дека грижливите мајки треба да дојат 2 години или подолго, бидејќи тоа е најдобро за бебето? Исто така, не, воопшто. Овој совет од ААП нема смисла“, напиша една мајка на Твитер за новата препорака.

Друг корисник на Твитер ја нарече препораката иронична со оглед на недостатокот на платено родителско отсуство во САД. „Федералниот закон дава само 12 недели платено породилно отсуство. Американската академија за педијатрија препорачува најмалку 6 месеци доење. Повеќето работни места не се погодни за доење. Имаме недостиг од формула за бебиња низ целата земја. Како ќе ги храниме овие деца“, стои во објавата.

Повеќе