Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години

Според законот кој Австралија планира да го донесе, социјалните мрежи ќе бидат целосно одговорни за спречување пристап на децата, додека децата и нивните родители нема да се соочуваат со казни за кршење на правилата.

33

Австралија планира да донесе закон со кој на децата под 16 години ќе им се забрани пристап до социјалните мрежи. Експертите го опишуваат овој потег како историска пресвртница, а родителите ширум светот сѐ повеќе повикуваат на построга регулација на технолошките компании. Премиерот Ентони Албанес најавил дека законот ќе биде предложен до парламентот оваа година, а се очекува имплементација во рок од 12 месеци од неговото усвојување.

Меѓу другото, законот бара проверка на возраста на корисникот пред да пристапи до платформи како Инстаграм, Фејсбук, Тик-Ток и X (поранешен Твитер). Оваа иницијатива значително би им помогнала на родителите кои се обиделе сами да го ограничат пристапот на своите деца до социјалните мрежи.

„Ние сме на прагот на враќање во детството“

Дени Елачи, од Алијансата Heads Up, која ги обединува родителите кои ја одложуваат употребата на паметни телефони и социјални мрежи меѓу децата, нагласи колку е тоа охрабрувачки.

„Со години не сметаа за изолирани и екстремни, но многу критичари имаа лични интереси поврзани со технолошки компании“, рекол Елачи.

Со години родителите укажуваат на штетата што социјалните мрежи им ја прават на децата, а сега се чини дека Австралија ќе биде предводничка во заштитата на младите на интернет.

Одговорноста е на социјалните мрежи, а не на родителите

Според законот, социјалните мрежи ќе бидат целосно одговорни за спречување пристап на децата, додека децата и нивните родители нема да се соочуваат со казни за кршење на правилата.

Овој предлог е олеснување за родителите кои досега сами се бореа со предизвиците за управување со користењето на социјалните мрежи меѓу нивните деца.
Дејзи Гринвел, коосновачка на организацијата „Smartphone Free Childhood“ со седиште во Велика Британија, додава дека денес им е тешко на родителите целосно да го контролираат користењето на социјалните мрежи од страна на нивното дете.

„Родителите се преоптоварени со секојдневните обврски, а технологијата станува сè посложена за разбирање и поставување контроли“, вели Гринвел.

Експертите предупредуваат: Постојат и ризици од забраната на пристап

Сепак, не поддржуваат сите целосна забрана. Сунита Босе, извршен директор на австралиската организација ДИГИ, смета дека забраната може да го загрози развојот на дигиталната писменост кај младите.

Босе нагласува дека наместо забрана, треба да се спроведе балансирана стратегија која вклучува создавање безбедни дигитални простори за младите.

„Како што не им забрануваме на децата да одат на плажа, туку ги учиме да пливаат, треба да ги научиме како безбедно да користат Интернет“, заклучува Бозе.

Дали младите ќе ја заобиколат забраната?

Некои тврдат дека младите луѓе може да се обидат да пристапат до социјалните мрежи преку несигурни и нерегулирани канали, што може да донесе нови ризици.

Сепак, Зак Рауш, истражувач на NYU Stern School of Business, верува дека младите ќе продолжат да имаат пристап до дигитални алатки како што се Zoom и FaceTime.

Така, тие ќе развијат дигитални вештини без да бидат изложени на алгоритми на социјалните мрежи кои можат да предизвикаат зависност.

„Децата ќе научат да ги користат социјалните мрежи многу брзо кога ќе бидат доволно зрели“, додава Гринвел.

„Нема потреба да ги учиме да користат социјални мрежи, исто како што не ги поодучуваме на консумирање на алкохол пред возраста во која е тоа дозволено“.

Повеќе