Баба го прошетала внукот на синџир и ги шокирала минувачите во Суботица

Сцена на улиците на Суботица во Србија ги шокирала минувачите. Една баба го шетала својот внук на синџир врзан околу неговиот врат. Фотографијата се прошири на социјалните мрежи и стана тема на разговор.

187

Една баба го шетала по улиците на Суботица својот внук кој бил врзан со синџир околу вратот.

Фотографијата се прошири на социјалните мрежи и стана тема на разговор.

Според еден тамошен портал (Суботичке.рс), жената наводно е од Будимпешта, а продава на пазарот во Суботица. Таа тврди за порталот дека си играла со внукот и на негово барање му го врзала синџирот околу вратот.
Инаку, родителите се повеќе користат детски ремени за да ги спречат нивните деца да заталкаат. Сепак, експертите се поделени околу овој метод. Додека некои велат дека ниту едно истражување не сугерира дека детските ремени предизвикуваат физичка или психолошка штета, други велат дека може да го зголемат ризикот од паѓање.
„Како педијатар, не ми е мило да гледам деца на поводец како домашни миленици. Како татко на три деца, свесен сум колку децата можат да бидат брзи, импулсивни и непредвидливи. Она што ме загрижува е дали детето во случај на падќе се заплетка во поводецот или ќе се задуши. Лично сум бил сведок како родителите силно влечат дете на поводник, што резултирало со паѓање, често наназад. Се грижам за повредите на главата и екстремитетите во тоа сценарио. Како педијатар, не би го препорачал никогаш. Попрво би видел дете во количка отколку на поводник“, вели педијатарот Бенџамин Хофман за Good Housekeeping.

Повеќе