Баба или дедо? Од страната на мама или на тато? Што вели науката, кој има најголемо влијание врз децата?

Ги сакаме нашите баби и дедовци – и тоа важи за сите деца, речиси без исклучок. Но, се чини дека науката знае кој всушност има најголемо влијание врз децата и зошто …

6.151

Дали знаете за дете кое не ги обожава своите баба и дедо? Тешко. Се разбира, секогаш има исклучоци, но бабите и дедовците се тие кои го разубавуваат нашето детство, оние кои се секогаш тука за да ја олеснат „строгоста“ која родителите со право и со причина во дело ја спроведуваат родителите, оние што ги гледаме само на некое време и тогаш ги обожаваме најмногу на светот.
Секое дете кое имало или има баба го знае олеснувањето што го носи бабината прегратка и го знае тоа чувство кога се приближува до нејзината куќа, знаејќи дека нешто убаво го чека на масата. Не е потребно истражување за да се потврди фактот дека присуството на баба – лекува. Но, едно истражување понудило и статистички доказ дека бабите им помагаат на внуците да ги надминат животните тешкотии.
Како нè штитат бабите?
Истражувачите од Универзитетот Турку во Финска ги проучувале податоците собрани во анкетата од 2007 година која ја пополниле повеќе од 1.500 млади Англичани и Велшани на возраст од 11 до 16 години, и тоа само оние кои не живееле со своите баба и дедо или кои имале жива барем една баба или дедо. Ова истражување вклучувало прашалник за однесувањето за да се измерат емоционалните и бихејвиоралните проблеми на младите.

„Нашето главно откритие беше дека вложувањето на бабата од страна на мајката можеше да ги заштити децата од негативното влијание на повеќекратните негативни искуства во раните животни времиња“, изјавил водечкиот истражувач Самули Хеле за HuffPost.

„Несаканите искуства од детството“ во овој случај се однесуваат на трауматски настани или тешки околности што се случиле на возраст од 0 до 17 години. Ова може да вклучи злоупотреба, занемарување, сведоци на насилство, живеење со родител со проблеми со злоупотреба на супстанции или живеење во сиромаштија… Иако, се разбира, не секоја личност која имала лошо искуство во детството ќе има проблеми подоцна во животот, тие се со поголема веројатност да имаат – и оваа веројатност се зголемува со секоја дополнителна траума.
Во детството, овие искуства можат да го променат развојот на мозокот и да влијаат на одговорот на телото на стрес, негативно да влијаат на нивната способност да развиваат здрави врски, да влијаат на нивната способност на задржување на вниманието, учење и донесување одлуки и да доведат до лошо ментално здравје“, објаснила Витни Раглин Бигнал, вонреден клинички директор на Фондацијата за ментално здравје на децата. Во зрелоста, таквата личност исто така има поголема веројатност да доживее проблеми со менталното здравје, како и проблеми со зависност и хронични физички здравствени проблеми, како што се дијабетес, астма и рак.

Бабата ублажува сè Ако некој успее да спречи негативни искуства од детството или на некој начин да го ублажи нивниот ефект, тоа може да има позитивно влијание врз личноста подоцна во животот.

А голема улога во тоа имаат бабите. Децата кои имале неповолни искуства од детството имале помала веројатност да ги покажат негативните ефекти од тие искуства додека растеле, доколку во нивниот живот постоела баба по мајка која им нудела поддршка – доколку таа се грижела за нив или давала финансиска помош или слично. Секако интересно е што истражувачите откриле дека само бабите од страната на мајката го имаат овој „заштитен“ ефект, а не и другите баби и дедовци. Истражувачите се согласуваат дека ова откритие е очекувано и е во согласност со еволутивната теорија позната како хипотеза за баба, која вели дека со помошта во грижата за децата, бабите ја зголемуваат плодноста на нивните ќерки.

Но, се разбира, постојат исклучоци кои докажуваат дека во реалниот живот може да има бројни примери на баби и дедовци од страна на таткото кои обезбедуваат иста грижа со ист заштитен ефект.

Водачите на студијата исто така предупредиле дека овој заштитен ефект не е доволно силен за целосно да го избрише влијанието на траумата.

„Дури и највисокото ниво на заложби на бабите по мајки, видено во овие податоци, не успеало целосно да ги заштити внуците од негативните ефекти на негативните искуства во раните животни периоди“, рекла Раглин Бињал. Се разбира, тоа не е правило и нема да го сметаме за единствена вистина, но звучи некако логично. Како и да е, ги сакаме бабите и дедовците!

Повеќе