Баба вегетаријанка го оставила внукот без јадење: Петгодишник одбил да јаде вечера без месо

Откако му приготвила на внукот вечера без месо, која тој одбил да ја јаде, бабата се налутила и го испратила во кревет гладен, а сега се прашува дали погрешила. Што мислите вие?

203

Една баба вегетаријанка прилично му се налутила на својот петгодишен внук. Откако му подготвила вечера без месо на момчето, тој одбил да ја јаде. Поради ова го испратила во кревет гладен и сега се прашува дали згрешила.

Бабата на Редит објаснила дека нејзината ќерка има финансиски проблеми, па се вселила кај неа со четирите деца на возраст од пет до девет години.

„Јас сум вегетаријанка па не готвам месо, а мојот најмал внук е пребирлив и не ја сака мојата храна. Ќерка ми готви неколку оброци неделно, но минатиот викенд излезе со другарките. Не дојде до 21 часот, децата беа гладни, па им понудив ориз со зеленчук на пареа. Поголемите деца јадеа, но најмалиот внук ме молеше за пилешки медалјони“, пишува таа во воведот.

Иако бабата знае да направи пилешки медалјони, таа одбила и го замолила детето да почека мајка му да дојде дома.

„Се вознемири и ја фрли чинијата со храна која се скрши. Ја собравме заедно, но тој беше вознемирен. Мајка му се врати дури во 23 часот, па тој заспа гладен”, додала таа.

Кога нејзината ќерка конечно дошла дома, била многу вознемирена поради постапките на нејзината мајка.

„Таа ми рече дека сум можела да го направам пилешкото наместо да го испратам гладен во кревет. Уште повеќе се налути кога слушна дека со мене ги чистел остатоците од скршената чинија. Што требаше да направам“, прашува таа.

Многумина веруваат дека ако мајката планирала да остане до доцна со другарките, требало да подготви вечера за децата. Повеќето од нив ја поддржуваат бабата.

Што мислите вие за ова?

Повеќе