Без лигавење и плачење: Со попуштање, правиме поголем проблем бидејќи поттикнуваме лошо однесување

Децата сакаат јасни граници, па упорноста на родителите се исплати, а најчеста причина за несоодветно однесување е досадата. Секогаш опоменувајте ги децата кога викаат

141

Сите деца на три и четири години веќе имаат јасно дефинирани желби и очекувања.

„Тогаш тие стануваат вистински мали професионалци во молењето за оние работи за кои честопати однапред знаат дека не можат или не треба да ги добијат“, вели семејната советничка Џејн Хејворд. Кога тоа нема да го добие, кукањето и плачењето се начин на детето да изрази чувство на беспомошност бидејќи не е по негово, а разговор понекогаш не е доволен.

Може да биде донекаде утешно за родителите затоа што станува збор за изразување чувства, но веројатно е и фрустрирачки со оглед на тоа што таквото однесување често завршува со попуштање. Џејн Хејворд предупредува дека со попуштање ние само го зголемуваме проблемот охрабрувајќи го лошото однесување.

Вдишете длабоко и подгответе се за реакција. Бидејќи колку што е полесно да се предадете и да купите чоколадо за кое знае дека не може или не треба да го добие откако ќе почне да прави „драма“ во продавница, вие всушност гарантирате дека и следното купување ќе помине со помош на врескање.

Еве неколку совети како да реагирате кога ќе се најдете во таква ситуација:

„Не те разбирам кога врескаш“
Колку подолго му дозволувате на вашето дете да вика и да ви досадува со барањето, толку подолго ќе трае и ќе биде поупорно.

Кажете му дека не го разбирате кога вреска, покажете му како звучи и поттикнете го да го каже она што сака да го каже смирено.

Имајте предвид и дека можеби го прави тоа затоа што е гладно или уморно.

Досадата е главната причина за натегањето

Ако детето е нервозно затоа што сте долго време во продавница, дајте му задача и преправајте се дека помага.

Ако се жали за нешто, покажете разбирање и објаснете зошто го одбивте барањето.

На пример: „Знам дека ги сакаш тие бонбони, ама денес немаме пари за тоа“.

Ако нема „те молам“, нема награда

Кога детето вреска пред полица, најлошото нешто што можете да направите е веднаш да попуштите.

Кажете му на детето да зборува нормално и да каже: „Те молам“.

Можете буквално да му ја изговорите реченицата.

И кога ќе го направи тоа повторно, ако можете, исполнете му го барањето или спокојно објаснете му зошто не можете.

Секогаш пофалете го кога бара нешто со нормален тон

Кога детето бара нешто со нормален тон, пофалете го.

Кажете: „Толку убаво ме молиш што не можам да одбијам“.

Дури и ако треба, објаснете ги причините и покажете дека ви се допаѓа пристапот.

Кажете: „Подобро да не ги јадеш кексите сега за да не си го расипеш апетитот“. Но ги чувам само за тебе“.

Повеќе