Нов тренд на Тик-Ток: Мајките оставаат пари и подарок-картички меѓу производите за деца

Мајките кои штотуку родиле може да се најдат во различни ситуации. Не се сите затрупани со подароци, нема секоја пари за сè што му треба на бебето, а бебето е на прво место. Затоа е добро што се рашири овој тренд меѓу мајките.

60

Кога ќе дојде бебето, има толку многу да се направи што не можете да го видите крајот на списоците и бескрајното купување.

Кога само ќе ги земете предвид пелените, веќе е доволно, а каде е облеката, каде се разните помагала, а понекогаш и храната уште од првиот ден, па ако случајно се разболи бебето…

Не се сите мајки, ниту сите семејства се толку среќни за да имаат на располагање доволно пари за сè . А ако се немаат доволно пари, бебето секогаш е на прво место, па за мајката – ако остане…

Од друга страна и мајката има свои желби.

Не ги исполнува често, иако ги заслужува. Но, секоја мајка секогаш прво ќе му даде сè на своето дете. Понекогаш со тешко срце, но знае дека го прави најдоброто.

Токму оваа слика во нејзината глава, најверојатно точна, си ја создала корисничката на Тик-Ток кога видела женска чанта на полица меѓу детските производи во еден трговски центар.

Денаеша Гонзалес ја снимила таа чанта на полицата меѓу детската козметика и на видеото напишала „She deserved the purse“ („Таа ја заслужува чантата“).

@denaeshagonzalez

To the Mother who chose themselves last, you deserve the world tonight and always.🤎 #motherhood #motherhoodunplugged #parenting #parentsoftiktok

♬ original sound – 𝙅𝙖𝙘𝙤𝙗🇵🇱

Заедно со видеото напишала: „На мајката која се става себе на последно место – го заслужуваш целиот свет вечерва и секогаш“.

Тоа видео, со повеќе од 4 милиони лајкови, започнало вистинска лавина од мали и големи добри дела – од една мајка за друга.

Видеото трогна многумина и ги потсети дека го немаат сите мајки она што го сакаат, па трендот на „предавање“ на тајните подароци во детските производи и на полиците меѓу нив, толку многу се рашири за само неколку дена.

@cecilybauchmann

Calling this SHE DESERVED THE PURSE🥹🫶🏼✨@Denaesha Gonzalez you inspire me mama🤍ilysm #momoffour #motherhood #momsoftiktok #realmomlife #womensupportingwomen

♬ Lights Are On – Instrumental – Edith Whiskers

Охрабрени од овие видеа, мајките почнаа да „кријат“ пари, ваучери за подароци и слично во детските производи, со или без инспиративни пораки, сакајќи да им дадат до знаење на мајките дека се вредни и дека заслужуваат да се почестат со нешто.

Некои оставале по малку пари на повеќе места, некои се одлучиле за еден поголем подарок, а секоја од нив го направила тоа од срце – и со солза во окото.

@mikalahrodgers22

SHE DESERVED THE PURSE👛 Sharing to influence others to give back when they can.🫶🏼 10/10 will be doing this again, it healed my first time mom/single mama heart. You are doing AMAZING MAMA! ✨ #momtok #target #targethaul #motherhood #toddler #givingback #shedeservesit #shedeservedthepurse

♬ original sound – Mikalah Ryan 🦋 || Motherhood

Некои се сетиле на своите почетоци на мајчинството, некои знаат дека не им било лесно, па од сосема друг агол и сосема поинаков живот решиле да ѝ помогнат барем на една мајка и да ѝ го разубават денот.

Една од тие мајки на Тик-Ток рече дека станала мајка на 19 години и се сеќава колку ѝ било тешко, па кога го видела трендот не размислувала двапати.

Набргу откако овој тренд се рашири сосема непланирано, се огласи мајката која го започнала сосема несвесно.

@denaeshagonzalez

This post is for the mamas who are silently struggling or to the mamas who finally reached the light at the end of the tunnel. I pray the sacrifices you make or have made for your children will be given back to you. @Cecily Bauchmann she deserved the purse!! Ilysm friend!💗 #motherhood #momsoftiktok #womensupportingwomen #shedeservedthepurse

♬ Je te laisserai des mots – Patrick Watson

„Можеби некој ја оставил таа чанта без причина, можеби некој само ја турнал таму, но тоа ме потсети на времето кога буквално имав некои работи во количка и на крајот морав да ги вратам. Знаев дека морам да жртвувам некои работи за да му дадам на син ми се што му треба.

Тоа ми претставуваше таа чанта – тоа беше толку познат момент што се доживеав себеси“, раскажува Денаеша во видеото и додава дека кога ја видела таа чанта, не ја „видела“ мајката како се жали бидејќи морала да ја остави, туку ја оставила затоа што знаела дека мора да купи нешто за детето, а не за себе.

Мајките, очигледно, многу добро го препознаа овој тренд и побрзаа да направат нешто за барем една мајка.

Зарем тоа не е прекрасно?

Како што вели мајката која го започна овој тренд: „Воопшто не се работи за чантата, туку за тоа како се жртвуваме за нашите деца – затоа што го сакаме тоа“.

Повеќе