Царски рез, звучи царски, нели? Породувањето со операција нема да ве спаси од болката, напротив!
Замислете да ве испратат на некоја обична операција, а по излегувањето од салата да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат дека од сега мора да се грижите за него и покрај тоа што чувствувате неверојатна болка. Е тоа ве чека после царскиот рез!
Докторка-гинеколог од Хрватска, Лилјана Хорватичек, на својот блог „Докторка за 5“ вели дека се залага за породување со што помалку медицински интервенции, за комуникација, доверба и сигурност.
„Само трудница која знае што да очекува, која има доверба и поддршка полесно ќе помине низ породувањето“, вели таа.
Докторката вели дека сѐ почесто на клиниката кадешто работи се среќава со трудници кои сакаат да се породат со царски рез, иако во моментот нема потреба од тоа.
„Би сакала да земам една ваква трудница со мене во операциона сала, за да може на лице место да како изгледа тоа што го сака. Иако е најважната процедура што ја прават гинеколозите, оваа операција во никој случај не е рутинска, секогаш се можни изненадувања и секогаш се бара сериозен пристап.
„И не станува збор само за тоа дека се во прашање два животи. Во Хрватска нема царски рез по барање на трудница.
Мислам дека жените кои немаат јасни индикации (причини) за оперативно довршување на бременоста треба психички да се подготват за вагинално породување, бидејќи тоа е природно.
На трудниците во амбуланта секогаш им кажувам дека сите опции се сè уште отворени, што значи дека доколку не видиме напредок при породувањето или се случат други околности кои ве изложуваат на ризик вас и детето, ќе се изврши итна операција. И тогаш знаеме дека е оправдано и со причина“, вели таа, а ние ви го пренесуваме целиот текст.
Кои се ризиците од царски рез?
Царскиот рез е хируршка процедура при која гинекологот прави засек на стомакот и матката на жената и преку тој отвор го породува детето.
Во добро организираната грижа за жени, процентот на вака родени деца е околу максимум 20%. Сепак, бројот на царски резови се зголемува, како што се зголемува возраста на мајките кои раѓаат и поради бременостите кои произлегуваат од медицински потпомогнатото оплодување.
Царски рез по барање на трудница не е медицински оправдан во Хрватска.
Постојат апсолутни, релативни и проширени индикации за оваа постапка. Вистинската индикација сама за себе не е проблем.
Индикацијата што не е оправдана не е во корист на пациентката.
Во никој случај не е безопасна операција, иако смртноста на мајките е ниска, но ништо не значи ако ви се случи вам или на некој ваш близок.
Пред неколку години, водечки причини за смрт на мајката беа: белодробна емболија, крварење, сепса и срцев удар.
Секако, секогаш се очекува после породувањето сѐ да оди добро, мајката и детето да се добро.
Не можете да замислите каков огромен стрес е за докторот ако исходот не е добар. Семејството и најблиските секогаш се прашуваат зошто се случила компликацијата и најчесто го бараат виновникот. Тие не разбираат дека секоја операција има ризик.
Ризици од царски рез: крварење, што може да резултира со потреба од трансфузија, компликации од анестезија, алергии на лекови, тешки процедури за анестезија или тешко вметнување на спинален катетер, можна повреда на голем крвен сад, повреда на дебелото црево, повреда на мочниот меур, зголемена можност за постоперативна инфекција, сепса, отстранување на матката поради крварење кое не може да се запре, можност за белодробна емболија, потешко закрепнување и подолг престој во болница, болка.
Има и некои подоцнежни ризици, кои може да бидат видливи во следната бременост: адхезии, поголем процент на плацента превиа, врасната плацента, што предизвикува крварење кое тешко се запира, поголем процент на руптура на матката.
Сигурни ризици што ги добивате:
Закрепнувањето е потешко поради стрес на целиот организам, тешко воспоставување на доењето, подолг престој во болница.
Царскиот рез го зголемува ризикот од смрт на мајката.
Царски рез со договор?
Извесен период царскиот рез стана мега популарен кај нас, a многу жени се изјаснуваа дека сакаат да се породат на тој начин, дури и кога тоа не е медицински оправдано.
Веројатно им изгледаше полесно и поедноставно, а во некои случаи сакаа и да си го темпираат роденденот на своето дете за да се роди во одреден хороскопски знак.
Ама како никој да не размислуваше дека станува збор за операција.
Иако изгледа дека сега работите се сменија и идните мајки сфатија дека нема ништо подобро од природно породување и за нив и за детето, секако, доколку нема медицински оправдани причини за царски рез, сè уште има жени кои не мислат така.
Знаете ли воопшто што значи царскиот рез?
Тоа значи десет и повеќе сантиметри долг рез низ кој го извлекуваат вашето бебе, а пред тоа, секако, треба да ги пресечат сите слоеви на матката и буквално да ги поместат вашите органи за да не пречат.
Е сега, замислете да ве испратат на некоја обична операција, а по излегувањето од салата да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат дека од сега мора да се грижите за него и покрај тоа што чувствувате неверојатна болка. Е тоа ве чека после царскиот рез!
Станува збор за сериозна операција што не смее да се прави по барање и без потреба.