„Дајте музика“ во живо на стадион: Од Авалон ветуваат безбедност за сите деца

Од „Авалон“ кои се организатори на концертот на „Дајте музика“ на стадионот на АРМ, велат дека иако станува збор за голем концерт, слободно можат да дојдат сите деца, па дури и најмалите, затоа што тие ја гарантираат нивната безбедност. За таа цел, како и за сите светски концерти, од Бугарија стигнува оградата Моџо (МОЈО).

479

На 27 мај, со почеток во 20 часот, на стадионот на АРМ ќе се случува првото големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концертот на „Дајте музика“.

Продуцентката на проектот „Дајте музика“, Цаци Паковска, вели дека е ова прв концерт за деца на кои се добредојдени и возрасните, но се единствена можност помладите генерации да доживеат вистински концерт. За него, вели Паковска, има интерес дури и во соседните земји, па се очекува да присуствуваат и родители со деца од соседните држави.

„Горди сме на проектот кој започна пред три години и со кој ја промовираме македонската музика. За овој период издадовме три албуми и направивме 70 авторски песни, се препеаја најубавите македонски хитови кои на овој начин им ги приближивме и на помладите генерации. Децата од „Дајте музика“ станаа идоли на младата генерација и се радуваме затоа што тие влијаат и во однос на слушањето на македонска музика“, вели Паковска.

За овој настан да биде вистинско убаво доживување ќе се погрижат од „Авалон“ продукција кои се нафатија да го организираат концертот на стадионот на АРМ и велат дека иако станува збор за голем и спектакуларен концерт, слободно можат да дојдат сите деца, па дури и најмалите, затоа што тие ја гарантираат нивната безбедност, а заради тоа од Бугарија стигнува безбедносната Моџо (МОЈО) ограда која, како што вели Бобан Милошевски, сопственик на „Авалон“, тие ја увезуваат од надвор и за овој, како и за сите други концерти на светските ѕвезди.

Децата Филип, Михаил и Стаси (Кики беше оправдано отсутна од прес-конференцијата), ветија незаборавно искуство и бомбастични кореографии за што секојдневно вежбаат и се подготвуваат.

Тие ги поканија на концертот и своите другари од СОС Детското село за кои подароци обезбеди „Алкалоид“.

Повеќе