Дали детето смее надвор кога има температура? Прашање кое ги мачи родителите

Меѓу сомнежите што ги имаат родителите е и тоа дали можат да го изнесат своето малечко надвор ако има температура. На прв поглед, многумина би рекле дека болното дете треба да остане дома. Но, дали е сè толку едноставно?

1.945

„Одговорот на ова прашање е сложен. Потребна е внимателна проценка на состојбата на детето, временските услови и внимателен избор на место за прошетка“, велат експертите.

Многу родители сметаат дека со прошетка би се решил проблемот доколку детето има малку покачена температура (до 38,5), јаде помалку, има малку секрет од носот, кашла – но си игра, не знае каде со себе, се превртува, бара внимание, повремено кенка, а вие никако не можете да му угодите.

Шетањето е дозволено и сигурно ќе му годи на детето доколку неговата општа состојба е добра. Малку свеж воздух и пријатно сонце нема да му наштетат на детето, напротив ќе придонесат за закрепнување. Но, треба да се внимава детето да биде соодветно облечено и да не е изложено на неповолни временски услови како високи или ниски температури, ветер, дожд, магла… Исто така, не се препорачува шетање во затворени простории, на пример, во трговски центри, на места каде што има голема гужва, како што се бучни градски улици, шеталишта или кога има многу загаден воздух.

Значи, ако временските услови се релативно пријатни, а детето е генерално добро, со температура до 38,5, во тој случај најдобро е да одите во парк, во природа, а идеално е ако живеете во куќа и имате двор.

Во таа ситуација детето може да поминува повеќе време надвор, дури и кога неговата состојба е нешто полоша. Надвор, тоа може да јаде лесен оброк, ужина, компот или овошје или да пие сок, се разбира, ако времето дозволува.

Во случај детето да зема антибиотици или лекови против алергија, треба да проверите што пишува во упатството за употреба на лекот.

При земање на некои од овие лекови не се препорачува да се биде на сонце бидејќи можно е да се појават дамки на кожата поради фотосензитивноста на лекот.

А ако детето има сипаници, треба да се има предвид дека тоа е заразна болест и дека во периодот кога детето е заразно за околината, не треба да доаѓа во контакт со други здрави деца, бебиња, особено не со трудници или лица со нарушен имунитет.

Кога ќе помине заразата, детето може да излезе надвор, но не треба да трча, да се поти или да се изложува на топлина и сонце.

Доколку детето боледува од некоја друга акутна заразна болест, не се препорачува излегување на прошетка и контакт со други луѓе бидејќи детето е во изолација, но со консултација со педијатарот, можно е да остане во сопствениот двор.

Доколку вашето дете има висока температура, над 38,5, ако температурата варира и бара почесто мерење, ако е потребно често да се дава лек, да се лади детето, да се дава дополнително количество течност или да се храни почесто. тогаш подобро е детето да остане во својот дом, каде што ќе се посветите на неговата грижа. Исто така, доколку детето има стомачен вирус, повраќа или има честа течна столица и слабост, не го изложувајте на дополнителен напор и не го носете надвор.

Повеќе