Мајка на две малолетни деца боледува од рак и има потреба од нашата помош

Драгица Митревска Исаиловска е самохрана мајка на две малолетни деца кои секојдневно ѝ даваат сила да продолжи да се бори и да ја победи злокобната болест.

325

Сите маани и недостатоци што ги имаме како поединци, но и како заедница, сето она што понекогаш нè наведува да се запрашаме дали сè има смисла, паѓа во втор план кога ќе се соочиме со вакви акции за помош на оние на кои им е најпотребно. Македонија и целиот регион, многупати се изразувале во вакви ситуации. Тоа се случаи кога сфаќаме дека многу работи сѐ уште имаат смисла, дека живееме опкружени со луѓе во кои има добрина, сочувство и желба да им се помогне на другите.

Драгица Митревска Исаиловска е самохрана мајка на две малолетни деца кои секојдневно ѝ даваат сила да продолжи да се бори и да ја победи злокобната болест. Таа боледува од карцином, кој за жал е во последна фаза.

Поради влошување на здравствената состојба, Драгица апелира до сите луѓе со добра волја да помогнат во согласност со нивните можности за што поскоро да замине во странство на продолжување на лекувањето, бидејќи сите можности за понатамошно лекување во земјава се исцрпени, а времето не ѝ е сојузник.

Повеќе