Дали родителските групи на социјалните мрежи се корисни или штетни? Како тие влијаат врз нивото на стрес?

Научниците го проучувале нивото на кортизол во плунката на мајката по интеракцијата во родителските групи. Резултатите прилично ги изненадиле: колку повеќе време мајките поминуваат во такви групи, толку е повисоко нивото на кортизол, односно нивото на стрес. Истото се намалувало само во еден случај…

72

Кога ќе станат родители, многумина често бараат одговори на своите прашања на Интернет, но и во социјалните групи. Некои ги сакаат, некои не, а експертите се обидоа објективно и научно да видат дали таквите групи се корисни за родителите или всушност се штетни.

За некои, родителските групи на социјалните мрежи се секојдневна виртуелна дестинација каде што споделуваат искуства со другите родители. Некои едноставно ги обожаваат и не можат без нив, други само читаат и никогаш не коментираат, а други бегаат од такви групи, извинете за споредбата, како ѓаволот од темјан. Некои сакаат да се расправаат таму, некои даваат совети, некои бараат, некои учтиво комуницираат, некои баш и не.

И во реалниот живот, не се согласуваме со сите околу нас. Немаме исто мислење, не ни се допаѓаат исти работи, не комуницираме на ист начин. Но, кога зборуваме за луѓе во наша непосредна близина, тоа се луѓе кои ги избираме и кои ни одговараат. Но, кога станува збор за родителските групи на социјалните мрежи, ситуацијата е нешто поинаква. Тоа се луѓе со кои често немаме допирни точки – освен што сме сите родители.

Во такви групи често ги наоѓаме одговорите што ни се потребни – а на родителите секогаш им требаат одговори. Но, некогаш родителските групи на социјалните мрежи ни нудат одговори, а понекогаш само главоболка. Експертите затоа сакаа да откријат дали таквите групи се корисни или штетни за родителите и тоа на научно докажан начин.

Експертите од Универзитетот Сивер ја проучувале врската помеѓу стресот и учеството во родителските групи (или, ајде да ги наречеме со вистинското име „мајки-групи“, бидејќи сите знаеме колкав процент од татковците се таму…). Така тие го проучувале нивото на кортизол во плунката на мајката по интеракцијата во родителските групи. Резултатите прилично ги изненадиле: колку повеќе време мајките поминуваат во такви групи, толку е повисоко нивото на кортизол, односно нивото на стрес.

Стресна група
Во ова истражување учествувале 47 мајки кои користат групи за да најдат одговори на нивните прашања и сомнежи, кои биле следени четири дена и им биле земани примероци од плунка три пати на ден. Научниците биле изненадени кога откриле дека нивото на стрес кај мајките бил многу помало, откако ќе искритикувале друга мајка за начинот на кој го воспитува своето дете. Со други зборови, ако ѝ кажат на мајката дека нешто не прави добро, нивниот стрес би бил помал затоа што би се чувствувале подобро зашто – тие го прават тоа правилно и тие се подобри од другите мајки.

Меѓутоа, подолгото учество во групи предизвикува редовно повисоки нивоа на кортизол во плунката на мајката, што значи дека и стресот бил поголем. Општо земено, емоционалните интеракции во виртуелниот свет редовно се поврзуваат со повисоки нивоа на кортизол.

Имено, големата количина на спротивставени коментари и мислења во ваквите групи може да создаде уште поголема конфузија кај родителите кои имаат одредени сомнежи. Особено затоа што „најгласните“ коментатори се секогаш највидливи во таквите групи. Поради ова, можеби ни се чини дека токму тие се „во право“.

Групите можат да бидат корисни
Но, не е сè толку лошо и стресно! Родителските групи на социјалните мрежи можат да бидат одличен извор на информации, место каде што можете да најдете некој кој знае за што зборувате, има слични искуства со вас и може да се поврзете со него на многу нивоа.

Освен тоа, тие групи не мора да бидат групи на кои налетувате, групи на непознати, случајни мајки. Можете исто така да соберете истомисленици и да направите своја група. Тоа може да биде тајна и само вие да учествувате во неа. Оваа група може да биде и на друга социјална платформа, каде што е поудобно за секого. Можеби понекогаш не го знаете одговорот, но можеби не треба веднаш да се јавите на педијатарот, но одговорот го има пријателката, а вие не го ни знаете тоа. Се разбира, треба да знаете кога е навистина време да одите на лекар.

Сè на сè, ниту големите родителски групи не се лоша работа. Важно е само да знаете кога да се повлечете – и да спречите акумулација на кортизол… Она што придонесува за зголемување на кортизолот по учеството во онлајн групите е фактот што тоа не се одвива во живо и не може да се создаде неопходната „приврзаност“ кон некоја личност. Токму оваа приврзаност често се поврзува со намалување на кортизолот.

Повеќе