Повеќе од половина од жените не можат да работат поради болни менструации: Само неколку земји го озаконија платеното отсуство

Интензитетот на менструалните грчеви варира од личност до личност, но за некои жени тие можат да бидат исклучително исцрпувачки.

142

Ако некогаш сте морале да земете слободен ден од работа поради болни менструации, не сте сами. Многу жени страдаат од големи болки и непријатност во овој период од месецот, толку многу што тоа им пречи во секојдневниот живот, пренесува порталот Mom. Интензитетот на менструалните грчеви варира од личност до личност, но за некои жени тие можат да бидат исклучително исцрпувачки.

Според новото истражување спроведено над две илјади жени во Америка, дури три од пет жени морале да земат слободен ден од работа поради исклучително болните периоди. Исто така, студијата покажала дека работодавците и лекарите често не ја сфаќаат сериозно нивната болка.
Имено, 44 отсто од жените во оваа студија изјавиле дека општите лекари не ги сфаќаат сериозно нивните поплаки за менструалните болки. Уште полошо, 32 отсто од жените рекле дека нивниот лекар целосно ги игнорирал нивните барања за боледување и ги советувал да земаат лекови против болки без да им дозволат да земат платен одмор, пишува Mom.

Оваа студија ја спроведе компанијата Интимина со цел првенствено да им помогне на жените отворено да зборуваат за менструацијата и болните грчеви, но и да бидат погласни кога станува збор за барање на сопствените права.

„На жените често им е премногу срам да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат, што нè води до поразителна статистика што можеме да ја видиме и во оваа анкета. Затоа сакаме да им помогнеме со тоа што ќе ги охрабриме отворено да зборуваат за сè низ што минуваат, но и да ги бараат правата што им припаѓаат“, велат авторите на студијата. Она што е особено лоша вест е фактот што има само неколку земји во светот кои го озаконија платеното отсуство поради менструални болки.

Повеќе