Дали вашето дете гризе нокти или цица палец? Двете навики критикувани од сите можат да го намалат ризикот од алергии

Според The Washington Post, истражувачите од Нов Зеланд откриле дека децата кои ги цицаат палците или гризат нокти имаат помала веројатност да развијат алергии подоцна во животот

298

Има одредени детски навики кои родителите не ги сакаат, но всушност можат да бидат корисни. Како што објави The Washington Post, истражувачите од Нов Зеланд откриле дека децата кои ги цицаат палците или гризат нокти имаат помала веројатност да развијат алергии подоцна во животот.

Споменатото истражување произлегува од долгорочен проект кој следел повеќе од 1.000 деца од Данедин, Нов Зеланд, од раѓање. Стефани Линч, студентка по медицина која е дел од тимот, рече дека низ годините на учесниците им биле поставувани детални прашања за нивните животи. Од тие одговори, Линч и водечкиот автор на студијата Боб Хенкокс успеале да соберат податоци за навиките на цицање палец и гризење нокти.

Во истражувањето учествувале деца кои ги имале овие навики, а биле на пет, седум, девет и 11 години. Овие учесници во истражувањето биле подложени на кожни тестови на возраст од 13 и 32 години со цел да се откријат можните алергии. Овие тестови би можеле да откријат алергиски реакции на дури 40 различни алергени, според Клиниката Мајо.

Резултатите од првите кожни тестови покажале дека 38 отсто од децата кои ги цицаат палците или гризат нокти имале алергии, во споредба со 49 отсто од децата кои немале ниту една од овие навики. Понатаму, децата кои и ги цицале палците и ги гризеле ноктите имале уште помал ризик од алергии, поточно 31 процент. Истражувачите откриле дека резултатите од кожните тестови останале конзистентни кога бил извршен втор тест на испитаниците, на возраст од 32 години.

„Овие наоди ја поддржуваат нашата хигиенска хипотеза, која сугерира дека изложеноста на микробите во детството го намалува ризикот од развој на алергии“, рече Ханкокс.

Повеќе