Дали вашето дете почна рано да лаже? Тоа е добар знак

До тригодишна возраст, речиси половина од децата редовно се обидуваат нешто да излажат. На четиригодишна возраст тој број е дури 80 проценти! И на возраст од пет до седум години, речиси секое дете лаже.

498

Лажењето не е невообичаено за малите деца, а новото истражување открива дека тоа е дури и важен дел од развојот на децата.

Според истражувањето предводено од Канг Ли, професор по психологија на Универзитетот во Торонто, децата почнуваат да лажат многу рано. Меѓу двегодишните деца кои зборуваат, 30 отсто од нив веќе излажале нешто. До тригодишна возраст, речиси половина од децата редовно се обидуваат нешто да излажат. На четиригодишна возраст тој број е дури 80 проценти! И на возраст од пет до седум години, речиси секое дете лаже.

Д-р Ли вели дека помалите деца кои ја кријат или избегнуваат вистината имаат когнитивна предност во однос на оние кои не го прават тоа.

„Лажењето бара две работи. Децата треба да разберат што мисли некој друг. Оваа способност ја нарекуваме теорија на умот. Децата кои се подобри во теоријата на умот се подобри и во лажењето”, објаснува д-р Ли.
Друга работа е да знаете како да планирате однапред за да спречите несакани активности. 30 проценти од децата до три години кои знаат да лажат имаат поголеми способности за тоа, а лагите им помагаат да се извлечат од ситуациите кои се тешки за нив.

Таквите когнитивни способности кај децата кои рано почнуваат да лажат значат дека таквите деца ќе бидат поуспешни на училиште и во комуникацијата со другите деца на игралиштето. Д-р. Ли спроведувал експерименти со теорија на умот на група од 58 деца од предучилишна возраст во Кина, поделувајќи ги во две групи. Половина од децата добиле шест тренинзи од теорија на умот, а другата половина добиле тренинзи во кои учеле бројки и вештини за снаоѓање во простор. Истражувачите откриле дека децата од првата група лажеле подобро, но имале и подобри лаги од децата од втората група.

Повеќе